БЛАГОСЛОВЕНАТА ЗЕМЈА

0
284

Еден бисер во рацете

 Божји стои

 Благодатта негова,

Света ја стори

Стапките од чекорите,

 на Светиот апостол Павле,

 на неа трагови оставија

 Мала земја,

 но со љубов полна е

 Многу животи,

 на херои згаснаа

За мајката нивна,

Македонија

 А таа, деноноќно

 Во својата прегратка,

мирен покој им дава

 Оваа земја,

на вечна Голгота е ставена

Секоја педа,

со капка крв е оросена

 Секој камен, солзи за неа,

 до ден денес Пролева

Ти… Мајко воскресна,

 од рацете на злотворите

Секогаш ќе имаш сила

Секоја Голгота да победиш

 И ние сме тука покрај тебе

Рака да ти подадеме

 Мој роден крај

Ѕвезда во рајска градина

 Вечна Македонија.

Оваа песна ќе се најде во книгата Гоцеви видици ,за што Вилоета Јовановска беше наградена.

 

.

Претходниот артикал,ОУ Гоце Делчев,Кадино
Следната статијаМАРИО МИШЕВСКИ –Ракометар

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука