Твоето срце чука во
душата на
Македонија.
Роза, на која сите
латици и овенаа,
но сепак остана роза.
Сега си бел лебед кој
плови во Бисерот на
Балканот,
нашиот Охрид.
Твоето име, дела, песни…
не се само спомени
напишани
на хартија
или во срцата наши.
Тие се бајка, која
секој ден живее
во реалноста.
Вистинска бајка која
нема крај !
Бидејќи секој ден во неа,
некој запишал по еден збор,
по една мисла, реченица…
АРИЈА…
Твоите песни беа
арија,
лек за секоја болка, тага…
А МОЈОВ ЖИВОТ…
Великаните вечно живеат,
како ѕвезда на небото.
ПОЛСКО ЦВЕЌЕ…
го покри нај убавиот цвет,
во младоста негова.
ЗАЈДИ, ЗАЈДИ јасно сонце…
иако секој ден те испраќа ме со зајдисонце,
но со изгреј сонце повторно те пречекува ме.
Се надевам дека повторно ќе се сретнеме,
таму горе…
Меѓу ангелите !
*Оваа песна е посветена за Тоше,и истата ќе биде составен дел на книгата 1200 молитви, книга која ќе биде посветена само за Тоше ,со песни испратени од автори од цел свет