И да посакаат,
твоето огниште да го згаснат
Милоста Божја,
повторно ќе го разгори
Над гробовите на твоите херои
Кои за тебе живот положија
Вечен божилак ќе блеска
Ниедна сила неможе
Коренот на потомството твое Да го сотре
Секогаш, сонцето со своите зраци
Душата ќе ти ја грее
И со чемер, и со јад,
срцето да ти го мачат
Ти тој терор, ќе го издржиш
Земјо исконска
Мајчински солзи не запреа
Коски на синови свои миросаа
И во земја света ги погребаа
Молитви за покој принесоа
Таму каде што крвта ваша Земја накваси
Белег остави
Црвени булки никнаа Македонска полјана
И, за навек украсија