Децата од Јурија

0
1495

Маалото околу некогашната Јурија отсекогаш било место каде што дружбите биле на прво место .

Јуријата било простор на кој се одвивале многу детски игри , разни спортски активности, а како резултат на тоа од ова маало произлегле и доста спортисти.

За другите од населбата одсекогаш децата од Јурија беа некако поразлични од останатите, често пати им се обраќаа „Кај си бе Протогалец“.

А,  тоа Протогалец и Протогалско маало може и денес да се чуе особено  од постарите, а од што произлегува тоа, сеуште сосема не е разјаснето.

Исто така, од тоа маало произлегува навивачката групна на ФК „Илинден“-„Волци од Илинден“

Инаку, маалото некако е отцртано од Аџиевци, Јаневи, Роглеви, Антови, Чуварови, Гаурови до Кошарчеви.

Комшиската сплотеност е создадена од постари времиња , кога се знаеше дека при колење свиња сите учествуваа на колењето , ама и вечерта на вечера на свинска слава.

Кога се овиваше вршидбата со машина сите до еден учествауа по ред како иде машината така иде и народот од куќа на куќа и точно во границите на маалото, без разлика кој колку има за вршење.

Славите, свадбите и другите веселби ,цело маало било во куќата кај што се случува настанот.

И, доколку сакате некого да го побарате-најдетево маалото ,  не го барајте по име , само по надимак може да го пронајдете, а кога сме веќе кај надимците да спомнеме дека на фотографијава се: Боре- Џуди, Гоце-Лоц, Горан- Мрце, Дејан-Фриц, Зоран- Бадел, Тони-Роки, Горан-Фокс, Столе-Бербер, Владо-Пец и Диме-Пц,означени од @Dime Angelovski.

Претходниот артикал,Бронза за Лука Трифуновиќ
Следната статијаЛенка, Гуна, Васа, Бона и Павлина

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука