ДЕНЕШЕН ДЕН -25 МАЈ

0
85

* 25 мај е ден на телесните инвалиди на Македонија.              

* 25 МАЈ,Празнување на младоста и младите во СФРЈ, при што главниот симбол била ШТАФЕТАТА НА МЛАДОСТА, која околу педесеттина дена била носена низ целата територија на Југославија и на самиот ден 25 мај се предавала на Тито на стадионот на ЈНА во Белград. Празникот се прославулал од 1945 до 1987 година. Започнал да се прославува со носење на т.н. „Титова штафета“ наменета за роденденот на водачот на југословенскот претседател,Јосип Броз Тито.

Така, првите години штафетата го симболизирала роденденот на претседателот на СФРЈ , но од 1957 година, токму на негова иницијатива таа станала Штафета на младоста, а 25 мај бил прогласен за Ден на младоста. При свеченото предавање на „централната“ Штафета на младоста, редовно бил организиран величенствен слет со учество на младинци од сите република и покраини на социјалистичка Југославија.

* 25 мај 1902г.роден е  Стале Попов  во селото Мелница, Мариово, набргу по раѓањето на Стале починала мајка му Неда (1908), а тој останал со татко му и не многу постарите деца – сестрата Трна и братот Ѓуро. Татко му на Стале, кој 18 години бил манастирски прислужник, станал поп во Витолиште и заедно со децата се преселил во ова централно и најголемо село во Мариово. Тука Стале го минал детството и години со тежок живот.

Напишал повеќе романи Крпен Живот,Толе Паша,Дилбер Стана,Калеш Анѓа ,Мариовски Панаѓур и други.Стале Попов произлегува од селска средина. Неговите стари, по традиција, биле земјоделци, но меѓу нив имало и школувани.

* 25 мај 1905.- Меѓу селата Куклица и Пендаќ, триилјадна турска војска и жандармерија ја опколи четата од 13 борци на македонскиот војвода Атанас Бабата (А. Димитров). Се разви жестока борба. Кога ја привршија муницијата борците ја изгореа архивата на четата, ги искршија пушките и револверите, извикувајќи „Да живее слободна Македонија“ и се самоубија, следејќи го примерот на својот славен војвода. Атанас Бабата е еден од првите членови на ТМОРО (1897-1905). Работеше во повеќе од 16 реони, а беше раководител на околу 40 борбени акции. За време на Илинденското востание од 1903 година дејствуваше во Кратовско. Атанас Бабата е роден во село Санитово, Пазарџиско, во 1875 година.

* 25 мај 1906.- По една акција на четата на војводата Ѓорѓи Ацев кај селото Крапа, кај Македонски Брод, против една великосрпска платеничка чета, војводата беше ранет, а за да не биде заробен, се самоуби. Тој е брат на познатите македонски војводи Мирче и Петар Ацев. Роден е во селото Ораовец, Прилепско, во 1883 или 1884 година.

* 25 мај 1944 година загинал Манчу Матак. Роден во Крушево 1920 година. Македонски комунист од Влашко потекло и учесник во НОВ. Загинал при напад на бункер на германските сили кај селото Витолиште, Мариовско. При нападот на партизаните, како командир на втората чета на Прилепскиот баталјон, бил погоден од снајперски куршум.
Прогласен е за народен Херој на Југославија во 1951 година.

* 25 мај 1946 г.Министерството за аграрна реформа и колонизација на НР Србија со одлука број 1095546 го прогласи манастирот „Прохор Пчински“за дел на Србија.

* 25 мај,1948.- Во Скопје, во Македонскиот народен театар е одржан Основачкиот конгрес на борците од Народноослободителната војна на Македонија

*25 мај 1949г.во Воденско,Леринско,Ениџе Вардарско,Гуменџе и други места,Монархофашистичкиот терор во Егејска Македонија,преку 3.500 Македонци станаа жртви на крвав терор,голем дел од нив со пресечени глави и други зверства извршени над нив ги загубија своите животи.

* 25 мај 1958.- Во Гостивар почна со редовно производство фабриката за производство на огноотпорни материјали „Силика“.

 * 25 мај 1962 година Кога своевремено Рускиот Патријарх Алексеј Први бил поканет од Српската Православна Црква да го посети Белград ,тој побарал наместо во Белград да слета во Охрид , по допатувањето во Охрид клекнал, ја бакнал земјата и рекол “Дојдов во вториот словенски Ерусалим!“ Потоа, на света архиерејска литургија во македонската црква “Света Богородица Каменско“ во Охрид, заедно чиноначалствувале тројцата поглавари: Рускиот Патријарх Алексеј Први, Српскиот Патријарх Герман и Македонскиот Архиепископ Доситеј.

*25 мај 1989.- Почна изградбата на Домот на занаетчиите во Скопје. Предаден е во употреба на 4 ноември 1990 година.

25 мај 1989.- Со одлука на Универзитетскиот совет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје, е прифатено формирање на Фондацијата „Петар Стаматов“, виден иселеник од македонско потекло.

* 25 мај 1992.– Литванија ја призна Република Македонија.

*25 мај 1996.- Република Македонија и Катар воспоставија дипломатски односи.

* 25 мај 1997.- Кинотеката на Македонија е примена за рамноправен член на Меѓународната асоцијација на филмските архиви.

Претходниот артикал,Душко Митровиќ-Тифи,поранешен фудбалер
Следната статијаЗА ЗБЕГОТ ВО БУЧИНЦИ

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука