Откако беше изградена главната мрежа на водоводниот систем за 12 –те населени места.
Во секое населено место започна изградба на секундарнит дел од системот.
Со оваа фотографија го означуваме почетокот на изградбата на секундарниот дел во Кадино со поставување и осветување на камен темелник за изградба на секундарна водоводна мрежа во 1996 година.
Средствата за изградба на секундарната водоводна мрежа обезбедени се од граѓаните на Кадино по основ на самопридонес.
За спроведување на акцијата беше формиран одбор за изградба во состав:
Звонко Најдовски, Љубе Ивановски, Илија Гочевски, Коле Филиповски, Руско Крстевски, Вујадин Жигиќ и Трајче Филиповски .