НА ДЕНЕШЕН ДЕН 19 ЈАНУАРИ

0
60

-19 јануари 1979 година,Ден кога се покрена иницијатива за изградба на регионалниот водовод. На тој ден МЗ “Илинден” организирала средба со преставниците од подоле наведените  Месни заедници со надлежните служби во Општина Гази Баба. Била усвоена иницијатива за изградба на регионален водовод на повеќе населени места .Иницијативата, од сите присутни,била со воодушевување и едногласно прифатена. Веднаш било формирано координативно тело за спроведување на иницијативата за изградба на водоводот во состав: Драги Ангеловски, претседател на МЗ “Илинден”, Велко Цетковски, претседател на МЗ “Јурумлери”, Трајче Тодоровски, претставник  на  МЗ “Кадино”, Спасе Стојановски, претседател на  МЗ “Мралино”, Киро Христовски, претседател на  МЗ “Бунарџик”, Љубе Бојковски, претседател на  МЗ “Марино” и Амид Суљовски, претседател на  МЗ “Идризово”. Координативното тело веднаш ги ангажирало сите надлежни месни и општински органи, а за таа цел, биле одржани и безбројни средби со месното население и други заинтересирани институции.Ваквата иницијатива беше прифатена и од општина Гази Баба во чиј состав беа сите погоренаведени села.Прилог записник од одржаниот состанок.

19 јануари 1871.- Во селото Смилево, Демирхисарско, роден е Даме Груев, еден од великаните на националното ослободително движење на македонскиот народ кон крајот на 20. век, револуционер, учител, идеолог и еден од организаторите и основачите на Внатрешната македонска револуционерна организација (ВМРО). Загина во борба против османлиската војска на врвот Петлец, кај селото Русиново, Беровско, на 23 декември 1906 година. Селаните од Русиново го закопаа мртвото тело на Даме во дворот на црквата во селото, а подоцна му ги пренесоа останките во родното Смилево.

19 јануари – Македонската православна црква денеска го слави Богојавление – Водици, голем христијански празник во спомен на денот кога Јован Крстител на реката Јордан го крстил Исус Христос. Додека Христос излегувал од водата небото се отворило и на него, во облик на гулаб, се спуштил Светиот дух, при што се слушнал гласот Божји: „Мои љубени, ова е Синот на мојата волја“.

-19 јануари 1879г. Во ресен е роден Симеон Радев, истакнат македонски новинар и виден бугарски публицист, историчар и дипломат. Бил близок до Централниот комитет на Македонската револуционерна организација и Македонскиот комитет на Борис Сарафов. Во Женева го издавал (на француски јазик) весникот “L`Effort” (1900-1901), а по дипломирањето во Паризго редактирал весникот “Mouvement Macednonien” (Македонско движење) (1902-1903). Автор бил на една од првите истории на Третата бугарска држава – „Градители на современа Бугарија“. Бил бугарски дипломатски претставник во Букурешт, Берн, Хаг, Анкара, Вашингтон, Лондон и Брисел, исто така и прв бугарски претставник во Друштвото на народите во Женева. Истакнат член на Македонскиот научен институт. Симеон Радев бил член и на бугарската делегација при потпишувањето на Букурешкиот договор во 1913 година. Другите дела: “Македонија и бугарската преродба во ХIХ век”, “Рани спомени”, “Тоа што го видов во Балканската војна”. Умрел во Софија во 1967 година.

-19 јануари 1913г. Српскиот митрополит Викентие Крџалиќ ,организирал литургија и фрлање на крст во р.Вардар од камениот мост.Таков обичај за прв пат е изведен во Скопје

-19 Јануари 1392г. Турците го освоиле Скопје ,под управа на Пашајигит бег  Турците и Скопје било преименувано во  името Ускуп.

19 јануари 1925.- Во Битола е роден Кирил Македонски, македонски композитор чие име е поврзано со настанувањето на првата македонска национална опера „Гоце“, која својата прва премиера ја доживеа во Скопје, во 1954 година. Пред операта „Гоце“ го привлече вниманието на себе со синфониската поема „Танчарка“. На 5 ноември 1968 година на сцената на Операта при МНТ во Скопје беше изведена неговата втора опера во четири чина со епилог „Цар Самуил“. Покрај камерни творби, тој пишуваше музика и за радиодрами и театарски пиеси, за краткометражни филмови, како и за играниот филм „Македонска крвава свадба“. Умре во Скопје, на 2 јуни 1984 година.

-19 јануари 1929г.поради големи дождови Вардар се излеал и ги поплавил селата од скопска блатија.

 -19 јануари 1938г.  комедиограф, починал  Бранислав Нушиќ,сатиричар и критичар. Рано го заинтересирале негативните страни во општеството, и поради тоа бил изведен пред суд и осуден една година затворот во Пожаревац. А веднаш по издржувањето на казната бил испратен во дипломатска служба од оние што го беа фрлиле в затвор. Поставен е за писар во конзулатот а потоа и за конзул во Битола (каде и се оженил во 1893 година). Учествува во формирањето на Народното позориште во Битола. Во 1913 година го основа и театарот во Скопје, каде живее до 1915 година.

19 јануари 1941.- Во Охрид е роден Климе Савин, македонски пливачки маратонец и спортски работник. Умре во Скопје, на 12 јануари1995 година.

19 јануари 1947.- Во Скопје е основано Друштвото на музичарите на Македонија.

19 јануари 1994.- Во Скопје, во издание на Асоцијацијата на европските студентски структури – АЕЖЕ при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”, е промовиран првиот број на студентскиот магазин “Јуроп”.

19 јануари 1997.- Во Скопје умре Тодор Тони Шулевски, македонски балетски играч, првенец на Балетот на МНТ. Зад себе остави осумдесеттина улоги. Роден е во 1932 година

19 јанузри 1988.- Во Игало умре Павле Бидев, првиот македонски шаховски мајстор. Тој ја има издадено и првата шаховска книга во Македонија, „Шах, симбол на космосот“. Роден е во 1912 година.

19 јануари 2000.- Во Скопје, во Воената болница, под раководство на кардиохирургот д-р Жан Митрев, е отворен првиот Центар за кардиохирургија во Република Македонија.

Претходниот артикал,„БОГ СЕ ЈАВИ-НАВИСТИНА СЕ ЈАВИ“
Следната статијаМАРИО ДИМИТРИЕВСКИ , ПО 5-ТИ ПАТ НАЈСРЕЌЕН

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука