БОЈАН ПЕТРОВСКИ-ФУДБАЛЕР

0
1319

Роден е на 6 -ти септември 1989 година во Скопје, живее во населба Илинден.

Со фудбал започна да се занимава уште од својата 6 годишна возраст во фудбалската школа Илинден ,која долги години работеше под водство на нашиот сограѓанин, Славе Радевски.

На 10 годишна возраст  Бојан премина во ФК Скопје, по неколку години потоа се пресели во ФК Маџари.

На 16 годишна возраст потпиша за Раднички од Ниш, каде остана 2 години, потоа се врати и настапуваше за ФК Цементарница -55  во првата македонска лига.

По поминати четири сезони во Ф К Цементарница ,премина во ФК Работнички, а по една година да потпиша за ФК Локомотива –Скопје.

Потоа, пак се врати од местото каде што започна со фудбалот најпрво за ФК Марино , а потоа и во ФК Илинден.

На 27 годишна возраст замина на фудбалска печалба во Швајцарија ,каде се уште настапува, играјќи  најпрво за FC.Baar, кој се натпреваруваше во 3 лига, а денес Бојан  настапува за FC Aegeri,кој се натпреварува во 2-та лига Interegional.

Во меѓувреме Бојан Петровски положи за фудбалски судија, каде ќе може да суди на фудбалски натпревари во Швајцарија.

Претходниот артикал,НА ДЕНЕШЕН ДЕН -21 АВГУСТ
Следната статијаНА ДЕНЕШЕН ДЕН -22 АВГУСТ

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука