Tрадиционална уметничка изложба

0
356

Вчера во галеријата на Домот на култура „Илинден“, во присуство на поголем број љубители на уметноста, отворена традиционалната изложба  на уметниците, кои живеат или потекнуваат од Општина Илинден.
Изложбата ја отвори академскиот сликар Новица Трајковски кој посебно го истакна огромното значење на ваквите настани, пред се во промоцијата на младите уметници во Општина Илинден.
Со свои дела се претставија уметниците Блаже Донев, Славе Кочовски, Зоран Трпевски, Ненад Божиновски,, Снежана Колевска, Виолета Јовановска, Марјан Ристовски, Филип Циглењак -Симоновски, Мира Симоновска.
Целта на ваквите изложби е нашите уметници ,да добијат прилика да ги изложат своите уметнички дела и да се потикнат во нивнопонатамошно творење.
Иницијативата што ја покрена Академскиот сликар Новица Трајковски пред неколку години за  ваква изложба ,веќе дава резултати , бројката на уметници кои изложуваат се зголемува секоја година.

Претходниот артикал,ФК БУЈКОВЦИ –Есенски Првак при ОФЛ Гази Баба
Следната статијаМира Симоновска-уметник, аматер

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука