-15 декември 1999.- Во Собранието на Република Македонија е извршена свечена инаугурација на вториот, Претседател на Република Македонија Борис Трајковски.
-15 декември 1901, с. Д’мбени, Костурско,роден е Атанас Близнаков ,општественик и публицист.Атанас во 1920 емигрирал и извесен период живеел во САД каде членувал во Македоно-американскиот народен сојуз. Таму станува и еден од основачите на друштвата „Александар Македонски“ и „Лазар Поп Трајков”.
Атанас исто така е и главен иницијатор за изградба на првата македонска православна црква во САД, „Свети Кирил и Методиј во Гери, Индијана. Бил претседател на Болничкиот комитет во Гери за собирање парични средства за изградба на Државната болница во Скопје. Во 1976 година се враќа во Македонија. Во 1977 година заедно со сопругата Славка ја основал фондацијата на негово име при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје со цел да се стипендираат талентирани студенти. Почина на 10 јули 1998, Скопје
-15 декември 1910.- Во селото Горно Борди, Серско, е роден Михаил Сматракалев (познат под псевдонимот како Ангел Жаров), македонски револуционер, публицист и писател, еден од основачите на Македонскиот литературен кружок во Софија (1938 – 1941), од 1992 година почесен член на Друштвото на писателите на Македонија. Во 1935 година од печат излезе неговата прва и единствена објавена поетска книга на македонска тема „Бура над родината“. Автор е и на делата „Македонскиот литературен кружок“, „Модрите широчини на татковината“ и „На македонски теми“. Умре во Софија, на 16 април 1998 година.
15 декември 1918 г., три македонски друштва, т.е. „Македонија”, Друштво за заштита на правата на Македонците со седиште во Лозана; Македонското друштво за независна Македонија со седиште во Женева и Политичкото друштво „Македонија на Македонците” со седиште во Цирих, собрани на општо собрание во хотелот „Викторија” во Лозана, по сестрана дискусија конституираа Генерален совет од трите гореспомнати друштва под името „Генерален совет на македонските друштва во Швајцарија” со привремено седиште во Лозана.Неговата цел е да бара да се применат принципите на претседателот Вилсон и на силите на Антантата, т.е. да му се даде на македонското население право слободно да располага со својата судбина, како што тоа им е дадено на другите поробени народи.
15 декември 1944.- Во Скопје почна Првата национална конференција на Антифашистичкиот фронт на жените на Македонија. Конференцијата ја отвори Мара Нацева, а политички реферат поднесе Веселинка Малинска. Притоа е избран Главен одбор на АФЖ на Македонија, а за претседател е избрана Васка Циривири.
-15 декември 1945.- Во селото Нестрам, Костурско, грчките власти изведоа пред суд 61 Македонец, бидејќи своите деца ги учеа да пишуваат и да читаат на свој мајчин македонски јазик.
-15 декември 1945.- Симфонискиот оркестар на денешната Македонска филхармонија го оддржа својот прв симфониски концерт.
-15 декември 1946.- Во Скопје започнаа со работа Филозофскиот факултет. Основањето на Филозофскиот факултет претставува значаен настан за целокупната културна преродба на македонскиот народ, израз на стремежите на македонскиот народ, што побрзо да ја надмине заостанатоста наследена од минатото и да зачекори кон посветла иднина. Наставата на филозофскиот факултет беше тесно сврзана со науката и затоа тој беше и остана силен двигател на научната мисла во општествените науки сврзани со македонскиот национален дух и неговата историја.
-15 декември 1991.- Во Скопје, во Гранд хотел „Скопје“, за првпат се одржа манифестацијата за избор на најубава Ромка во Република Македонија. Титулата најубава ја понесе Лиза Јашарова.
*15 декември 1993 година Македонија го одигра првиот официјален ракометен натпревар кој се одигра на традиционалниот турнир „Трофеј Карпати“, а противник ни беше Романија, каде Македонија загуби со 22-24,а Стевче Алушовски беше најефикасен со пет погодоци нашата репрезентација.
-15 декември 1997.- Во Скопје умре Тома Киров, еден од основоположниците на македонскиот театар. Роден е во 1926 година.
-15 декември 1997.- Умре Илија Црвенов, оперски пејач, првенец на Операта при Македонскиот народен театар и еден од доајените на македонската оперска уметност. Роден е во 1937 година.
-15 декември 2013.- На 73-годишна возраст почина Мирко Павловски истакнат долгогодишен уметник-виолончелист на Македонската филхармонија. Целиот работен век го помина во Македонската филхармонија, а беше и долгогодишен соработник на оркестарот на Македонската опера и балет. Павловски работеше со оркестрите што оставија аудио и видео записи во архивата на Македонската радио и телевизија од областа на сериозната музика, симфониски и камерни партитури и други музички форми. Учествуваше и во оркестри кои снимаа забавна и филмска музика со која што домашните изведувачи учествуваа на големите фестивали во регионот и пошироко.
-15 декември 2014 во 8 часот наутро на обиколницата околу Скопје кај Волково, на патот кон Приштина, се случи најголемата верижна сообраќајна несреќа во македонската историја. Во неа учествуваа дури 19 возила, а 9 лица беа пренесени во болница, но со полесни повреди. Причината беше лошата видливост заради густата магла, а ја предизвикала мајка која се возела со своето дете, што закочила и колата ѝ застанала во средната лента на автопатот, а потоа во нејзе удриле другите автомобили.
-15 декември 2016 година , пуштени се во оптек книжни пари во апоени од 200 и 2.000 денари, а ќе бидат повлечени банкнотите од 5.000 денари. Народната банка на Република Македонија соопшти дека одлуката за издавање книжни пари во апоени од 200 и 2.000 денари е произлезена од реално согледаната потреба за ребалансирање на постоечката апоенска структура на книжните пари во оптек. – Постоечката апоенска структура на книжните пари што се во оптек од 8 септември 1996 година до денес нема претрпено промени и воведувањето на овие два нови апоена претставува прва промена којашто се спроведува по период од 20 години.