Историјат на автобускиот превоз – линија број „63“

0
162

 

Автобуски превоз од Илинден кон Скопје и обратно редовно започнал да се одвива од 1965 година. Тогаш, започнала да функционира автобуската линија со број „63“ на ЈСП “Скопје”. Автобусот тргнувал од плоштадот “Слобода” и, движејќи се по автопатот, стигнувал до надвозникот кај железничка станица “Илинден”,пред влезот на Живинарската фарма ,каде му била почетна станица од Илинден.
. Неколку години подоцна -1967/68 година , по изградбата на патот Илинден-Маџари, автобусот со бр. „63“ се движел по тој пат, најпрвин до почетокот на селото (кај што се двојат улиците бр. “8” и “9” кај Арсови), а малку подоцна и до училиштето “Гоце Делчев”. По неколку години истата автобуска линија била продолжена најпрво до Кадино,а по извесен период и кон селата Мралино, Бунарџик и Ајватовци.

Во 2012 година се отвори нова автобуска линија на ЈСП Скопје со број „163“,која сообрќа од Илинден -Кадино-Идризово до Драчево и обратно
Денес, низ Илинден покрај автобусите на „ЈСП“,“сообраќаат и автобусите на приватното сообраќајно претпријатие „Слобода Превоз“ од Скопје. . Со развојот на автобускиот сообраќај сé помалку бил користен железничкиот превоз. Меѓу првите приватни автопревозници со приватни автобуси од Илинден биле: Тоше Атанасовски, Стојанче Нацевски,Љупчо Тушевски- Чибук,Стојанче од Кадино и други.
До 1965 г.автобусот како превозно средство кој сакаше или мораше да го користи ги користеа автобуската линија „50“„55“одејќи пешки до Маџари или Арачиново,додека жителите од Кадино и Мралино ја користеа линијата број„52“

Претходниот артикал,Бане,Славка и Новица
Следната статијаНА ДЕНЕШЕН ДЕН -24 Декември

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука