Анастасија Величковска –ракометарка

0
482

Од нашата средина пред деценија-две произлегоа неколку многу успешни ракометарки-репрезентативки на Македонија како, Валентина Радуловиќ,Александра Стаменковиќ- денес Јанев,Фросина Крстевска –денес Голубовска и други.

Тие беа поттик за многу наши девојчиња да појдат по нивниот ракометен пат, а  една од нив е и Анастасија Величковска од населба Илинден,родена на 27  април 2005 г..

Анастасија, живее во Марино-Илинден, основното образование го заврши во ООУ Гоце Делчев –населба Илинден ,каде ги направи првите ракометни чекори по часот на визичко воспитание.

Денес е ученичка во средно училиште Спортска Академија.

Но, правите ракометни вештини започна да ги учи откако се зачлени  во РК Илинден,под водството на Александра и Дарко Јаневи,поранешни успешни прволигашки ракометни и репрезентативци  на Македонија.

Анaстасија, веќе три години  активно настапува  во РК Илинден на позиција лев бек со број 2.

За досегашните нејзини успеси во ракометот таа многу голема благодарност искажува  на претходно споменатите тренери.

Задоволна е од досега постигнатото и се надева ќе постигне уште поголеми успеси.

Населба Илинден, на Анастасија  и посакува успешна ракометна кариера.

Претходниот артикал,Обредна песна за Ѓурѓовден
Следната статијаКомшиска дружба од Илинден -1975

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука