Пожарот беснееше на потегот од Ајватовци,Бујковци,Мршевци и Бучинци, каде изгореа многу хектари со зимзелени садници и друга ниско стеблеста шума.
Во гасењето на пожарот голем придонест дадоа граѓаните од населените места опфатени со пожарот ,како и граѓани од околните села.
Но, да спомнеме и тоа дека голем придонес за локализирање на пожарот дадоа и ЦУК интервенираше со 1 Ер трактор, хеликоптери, Противпожарната бригада на Скопје со повеќе возила, Општинскиот противпожарен сојуз од Илинден, Довроволното противпожарно драуштво од Свети Николе, локалната самоуправа со директно вклучување како и преземање на неопходните мерки за гасење на пожарот.
Се водеше борба до последен здив да не се дозволи огнот да навлезе во населените места и да изгорат и домовите , како и Манастирот Св.Петар и Павле во Ајватовци..
Голема благодарност до храбрите скопски пожарникари, храбрите доброволци од локалното население кои дадоа голем придонес во гаснењето на овој голем пожар, како и благодарност до храбрите пилоти на полициските хеликоптери и Ер тракторотдо сите институции и поединци кои се бореа за локализзирање на оваа огнена стихија.
Наша среќа во оваа голема несреќа што го имаме Бучинското Езеро од кое авионите се полнеа со вода со која се гасеше пожарот.
СЕПАК, НАДЛЕЖНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ТРЕБА ДА ИСПИТАТ, КАКО СЕКОЈА ГОДИНА ИСТИОТ ПОТЕГ ГО ЗАФАЌААТ ГОЛЕМИ ПОЖАРИ.










