* 27 февруари 1922г.На врвот „Ѓуриште“скопската чета под водство на Величко Вељанов од с.Црешево составена од 12 борци се судрува со многу бројната потера од 400 души составена од српските власти.Во овој судир биле убиени 12 души од потерата и имало многу ранети ,додека од четата на Величко имало само 1 лесно ранет.


* 27 февруари 1937г. во судски спор помеѓу потомците на беговите и речиси сите селани од тогашно Белимбегово судот донел одлука за укинување на претходната пресуда со која им се одзел имотот на селаните од тогашно Белимбегово за беговската земја која претходно им била доделена на селаните и требало да им се врати на беговските наследници
* 27 февруари 1908.- Во Битола, по примерот на другите градови во Македонија, е формирано работничкото просветно друштво „Класно сознание“ со задача да ги шири социјалистичките идеи меѓу работници и да раководи со нивната економска и политичка борба.
* 27февруари 1959година во Скопје е отворена првата САМОПОСЛУГА на улица Ѓуро Салај.

* 27 февруари 1990.- Умре Михаил Петрушевски, македонски академик, филолог, еден од основачите на Филозовскиот факултет во Скопје на кој беше вонреден и редовен професор, како и прв декан на истиот, а подоцна и ректор на Скопскиот универзитет. Има објавено над 200 научни и стручни трудови од областа на класичната филологија. За македонската култура од особено значење е неговата преведувачка дејност на “Илијада” од Хомер, “Скендербег” од Григор Прличев и на други дела. Роден е во Битола, на 2 јули 1911 година.
* 27 февруари 1996.- Република Македонија и Република Грција воспоставија дипломатски односи на амбасадорско ниво.

* 27 февруари 2013.- По кусо боледување на 80 години почина Александар Лековски, истакнат македонски диригент и композитор од првата генерација целосно едуцирани македонски музичари, кој својата уметничка дејност ја почнал на крајот од 1950-тите години, соопшти Сојузот на композиторите на Македонија. Беше постојан диригент на Операта и нејзин директор, а потоа и на Македонската филхармонија. Под негова палка се изведени голем број опери (Норма, Травијата, Љубовна напивка, Кнез Игор, Аида, Трубадур, Дон Карлос, Севилскиот бербер, Трубадур…) и оркестарски композиции. Диригирал на многу познати светски сцени, настапувајќи со врвни оркестри и солисти. Како композитор своите инспирации најчесто ги црпел од фолклорот (Македонски танци (1968), Јужни бранови (1997) Обединети (2001). За својот уметнички придонес Александар Лековски беше добитник на повеќе награди и признанија, меѓу кои „11 Октомври“ и „Панче Пешев” (1994).