Бунарџик – Основни податоци

0
318
*Селото лежи на блага ридска височинка ,во правецот на Ајватовци постои стари археолошки наоѓалишта кои укажуваат дека тука некогаш се одвивал живот ,но дека денешните жители на Бунарџик немаат никаква врска со нив.
Селото Бунарџик на денешната локација формирано е околу 1830 година на чифликот на Мемет –Бег.
Први родови кои се доселиле во денешен Бунарџик били Таврајковци (денес не живеат тука) и Златановци, најголемиот дел од Златановци и денес живеат во Бунарџик, а има и еден дел отселен во соседните села .Покасно со овој чифлик управувал Јашар –Бег,син на Мемет –Бег,кој со чифликот управувал до 1909г. ,а потоа го наследил Менди-Бег.
Во средишниот дел на Бунарџик постоела чешма од која и денес има остатоци од истата,потоа Кула и Амбар ,кои се урнати во 1922г.
По заминување на турците во 1912 г. во селото имало 10 македонски куќи ,кои работеле како чифчии на беглерскиот имот.Во непосредна близина на селото постоел стар бунар ,кој некое време бил затрупан ,а поново откопан во 1918г. Се претпоставува дека името на селото Бунарџик го нарекле по тој бунар .
На височинката над селото се наоѓа црквата Св. Спас изградена од 1925 до 1927 година.
На височинката над селото се наоѓа црквата „Св. Спас“ изградена од 1925 до 1927 година, а осветена во 1928 од владиката Варнава(Според кажувањата на Александар Христовски-Вардарецот).
Од 1912 година Бунарџик бил општински админстративен,образовен центар за Бунарџик и околните села. И во „српско и“ во „бугарско“и во време на по ослободувањето во 1945г.се до 1955 година,Бунарџик општински центар .
Како општински центар во Бунарџик во 1928 г. била изградена зграда на жандармериска станица .
Во 1914 година за време „српско“ во Бунарџик во куќата на Цветан Златанов отворено е прво основно училиште во кое учеле децата од
:Бунарџик,Ајватовци,тогашно Белимбегово,Марино,Кадино,Миладиновци и Бујковци.Прв учител бил Будислав Шошкиќ од Црна Гора .
За време „бугарско“1915-1918 г. училиштето продолжи со работа на со други учители ,а наставата била на бугарски јазик.
Од 1919 се до 1941 г. училиштето продолжи со работа на српски јазик.
Во 1945 г. било отворено основно училиште на македонски јазик ,а први учители биле:Милан Бојковски,Николина, Звезда Петрова,Милица Чочоровска истите во селото останале до 1959г..
Во 1959 г. за учители дошле Петко и Мирјана Цаневи,кои во селото останале се до 1976г.
Најстри родови во Бунарџик се:
Златанови,Чадлеви,Филиповци,Качарови,Роглеви,Петкови,Анѓелкови,Пешеви,Ивкови,од споменативе родови и денес има потомци кои живеат во Бунарџик ,ама има и делумно отселено во околнитесела и Скопје речиси од сите родови.
Демографска состојба на Бунарџик:Во првиот попис на населението спроведен во Турско време 1844-45 година евидентирани биле следните фамиии:Трајко син на Илија,Петко син на Спасо,Ѓорче син на Митко,Велко син на Атанаско,Златан син на Цветко,Славко син на Митко,Ѓорче син на Ѓорѓија,Велко син на Ѓуро,Ристо син на Стојан,Кузман син на Атанас,Стаменко син на Трајко, и Митре син на Атанас.

Во периодот 1912-1955г., Бунарџик било општински центар
Од 1955г.до 1965 г. било во состав на општина Петровец.
Во периодот од 1965 до 1968 било во состав на општина Кале ,
Од 1968 до 1976 година било во состав на општина Гази Баба.
Од1996 година,  е во составот на општина Илинден.

 


Во 1900 г. Бунарџик имал 75 жители,во 1905 г.-80 жители,во 1914 г.-124 жители,во 1921 г. 192 жители,во 1941 г. -287 жители,во 1948 г.-281 жител,во 1953 г.-339 жители,во 1961 г.-333 жители,во 1971 г. -255,во 1981 г.-281 жители,во 1994г.-334 жители, и во 2002 г.352 жители и 2021-411 жители.
 

Претходниот артикал,Ајватовци – Основни податоци
Следната статијаМралино – Основни податоци

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука