19 ноември 1983 година ва Илинден се одржа завршниот дел од Сојузната Емисијата „Знаење-Имање“,во која Илинден беше домаќин ,а гостин беше Окучани –Нова Градишка.За време на заедничкото дружење од 16 до 20 ноември се одржаа многу натпреварувачки спортски и други настани.Врв на дружењето беше 20 ноември на заедничката културно уметничка програма со едновечерен концерт на нашето КУД „Илинден“и КУД „Милан Станивуковиќ Официр“,кој беше пренесуван на програмата на ЈРТ.Гостите (60 лица) тие 4 дена беа приватно сместени во домовите на домаќините од Илинден ,од што се родија многу пријтелства ,а некои трајат и до ден денес. Месното население беше активно вклучено и речиси да немаше куќа која преку свој преставник не беше вклучена во активностите што се одвиваа тие денови.





