Спасе Најдовски од Кадино, суден за нашата КАУЗА

0
345

Еден од многуте жители од нашата средина , тепан и суден за нашата кауза бил и Спасе Најдовски.Тој  уште за време турско бил активен во помагање на комитското движење носејќи храна на комитите

.За ваквата негова активност тој бил откриен и претепан од турските власти ,така да  две недели бил замотан во овча кожа за да му поминат модрините што ги имал по целото тело, но останал жив.

И по турскиот период за време на српско,комитското движење било многу активно во нашава средина ,за време турско активно дејствувале најпрво четите на Васил Aџаларски ,а по неговата смрт во 1909 и во четата на Трифун Аџаларски.

По заминување на турците за време српско најпозната комитска чета која дејствувала во нашата средина била четата на Лазо Дивљанец,во која учествувале многу лица од селата од нашава средина.

Ваквото дејствување било откриено од тогашните –српски власти и во 1921 година во комитската афера како што пишува Белградска „Политика“  уапсени и осудени 175 лица од скопско.

Меѓу нив 4-5- души биле од с.Кадино од осудените на 5 години бил и Спасе Најдовски роден во Кадино 1875година.

По отслужување на казната во ЛЕПОГЛАВА ,тој се вратил на својот имот во Кадино и живеел до 1972 Спасе  оставил бројно потомство година,починал  во длабока старост , бил многу чесен мирен и поштен човек.

На фотографијата Спасе со брат му Димче синот Игно снаата Јана и внуците Момчило и Снеже во 60-те години од минатиот век

 Потомци на Спасе се: синовите Тоде и Игно и керките Дуна и Љуба

Потомци на Тоде,син на Спасе се: Ацо и ( Круме и Слободан-починати).

Ацо ,син на Тоде има две деца Дарко и Катерина

Потомци на Игно,син на Спасе се:: Томе, Миле и Душан.

 Потомци на Томе,син на Игно се: Војо и Голуба .

Војо ,син на Томе има три деца Саше , Мила и Мартина.

Голуба .ќерка на Томе има две деца Дарко и Далиборка

Потомци на  Војо син на Томе се:Сашо Мартина и Мила

Потомци на Миле,син на Игно се: Момчило, Снежа и Светлана.

Момчило син на Миле влатко,Влатко има син Павел.

Снежа,ќерка на Миле има две деца Александар и Аександра.

Светлана ,ќерка на Миле има три деца Маја и Ивана.

Потомци на Душан,син на Игно се:  Зоран и Марина.

Зоран син на Душан има две деца Бојан и Кристијан

Бојан ,син на Душан има син Војдан.

Марина ,ќерка на Душан има две деца Ане и Дамјан.

Наследници на Дуна ,ќерка на Спасе се синовите Љубе и Вуле.

Наследници на Љуба ,ќерка на Спасе се:Митрe,Боре и Коле.

Претходниот артикал,НА ДЕНЕШЕН ДЕН-2 МАЈ
Следната статијаНА ДЕНЕШЕН ДЕН-3 МАЈ

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука