–3 мај 1917 г. Во Штип роден е Киро Глигоров, активист на македонското студентско и комунистичко движење, македонски и југословенски економист, политичар и државник, прв претседател на самостојна и независна Република Македонија.По изгласувањето на Декларацијата за сувереност на државата, на 25 јануари 1991 година, Глигоров бил избран за прв претседател на самостојнa и суверена Република Македонија од страна на Собранието на Република
На 7 април 1993 година. На општите претседателски избори со мнозинство гласови повторно бил избран за претседател на Република Македонија.

-3 мај 1942Во загинала и ЕЛПИДА КАРАМАНДИ. При тоа тешко била ранета Елпида . Еден митралески рафал тешко ја ранува. потполно немоќна да изврши самоубиство е фатена од полицијата. Храбро го поднела мачењето при што умрела.Инаку Елпида родена била на 1 јануари 1920 г.во Лерин,учесничка во НОБ.За Народен херој на Југославија е прогласена на 11 октомври 1951 година.Опеана е и во познатата народна песна „Таму ле, мајко, близу Битола“, напишана од Ајри Демировски (1950).

-3 мај 1942г. Во нерамна борба против бугарската војска и полиција во повеќечасовната борба над селото Лавци во близина на село Ореово бил рабиен битолскиот партизански одред „Пелистер“,а при тоа загинале:загинале и Димитар Николовски-Таки Даскало, Димче Хаџи Поповски, Мара Јосифовска-Ѓурѓа, Ордан Михајловски-Оцката и Ордан Орданоски-Сандански. Заробени биле Ѓорѓи Наумов, Кочо Десано и Блаже Димитровски, кои биле одвдени во скопскиот затвор и таму подоцна биле обесени. Останатите партизани од Одредот успеале да се спасат и илегално да дејствуваат во Битола.

-3 мај 1920.- Во Скопје е роден Кирил Билбиловски, пионер на македонската кинематографија, еден од првите уметнички фотографи и втемелувач на професијата филмски снимател во Македонија. Сними повеќе од сто документарни и десетина играни филмови. Значајни се креациите на неговата филмска камера во филмовите „Денови на искушение“, „Каде по дождот“, „Македонска крвава свадба“, „Македонскиот дел од пеколот“, „Најдолгиот пат“, „Исправи се Делфина“ и други. Умрел во Охрид, на 24 септември 1989 година.

-3 мај 1945.- Народната влада на Демократска Федеративна Македонија, по предлог на Комисијата за јазик и правопис при Министерството за просвета донесе решение за утврдување на македонската азбука која има 31 буква. Азбуката првпат е отпечатена во весникот “Нова Македонија” број 104, четврти, петти, шести и седми мај, 1945 година.
-3 мај 1945 година.Веднаш после АСНОМ и ослободувањето на вардарска Македонија кон крајот на 1944, како приоритетно се постави прашањето за кодификација на македонскиот јазик, кој требаше од народен да стане литературен јазик.Комисијата одлучи во македонската кирилична азбука да се прифати вуковата реформа на српската кирилица, т.е. да се прифатат бувките Ј, Љ, Њ и Џ, додека заради различниот изговор наместо Ћ и Ђ влегоа акцентираните букви Ќ и Ѓ. Буквата Ѕ која ја нема во српската азбука беше воведена како нова 31-ва буква, бидејќи ја има во македонскиот народен јазик (ѕвонче, ѕирка, јанѕа, ноѕе) а исто така постоела во старословенската азбука.

-3 мај 2001, откако со транспортер влегле во кумановското село Ваксинце, во заседа загинуваат двајца припадници на единицата „Шкорпони“:
– ВЛАТКО ПЕТРОВ (†24) од с. Чардаклија, Штипско.
– ДИМИТАР ДВОЈАКОВСКИ (†29) од Нова Горица, Словенија. Роден во Словенија, но по потекло е од Штип. Димитар беше како и Влатко Петров во „Шкорпионите
–3 мај 2014.- На 65-годишна возраст по долго боледување починал Илија Атанасовски – Ико, поранешниот генерален секретар на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Атанасовски во ФФМ работел цели 24 години, а во тој период, кога претседател на Федерацијата бил Љубисав Иванов – Ѕинго, Македонија била примена во ФИФА и во УЕФА. Тој е автор на фудбалската монографија „Ние сме едно големо фудбалско семејство“, а во својата кариера како играч има настапувано за Тетекс, Југококта и Вардар. Добитник бил на специјалното признание за животен придонес во македонската фудбалска игра.