*Месното население во с. Бучинци најголем проблем до 1912 година имало со Арнаутите од соседните села. Тие биле толку осилени кон Македонците што дури и „за еден – два збора убивале“.
Доколку не била заштитата од страна на Бегот во чие владение било селото, најверојатно поради неподносливото насилство целото население од селото ќе било иселено. Во 1912 година, непосредно пред почетокот на Балканските војни, турската власт сето машко население над 13 години го отерало и го затворило во Скопје. Само двајца мажи останале сокриени во трлата.Но, и нив подоцна, Арнаути ги пронашле и ги убиле. Непосредно пред навлегувањето на српската војска во селото,ќајата на селото (Албанец од Призренско) клучевите од чифлик сајбиската кула и ги предал на некоја баба Мирси.