4 Ноември, е Светски ден на климатските промени

0
24

 На овој ден  низ целиот свет се организираат различни активности и кампањи кои имаат за цел да го предупредат населението на негативните последици што ваквите промени можат да ги предизвикаат.

По тој повод  во текот на вчерашниот ден во рамки на проектот „Зелена Општина Илинден“ беа засадени декоративни садници во делот околу спортската сала „Гоце Делчев“ во Илинден.

Во акцијата за садење се вклучија највисоките раководители и  администрација, вработените во јавното комуналното претпријатие, како и здружението Зелена Градба Асоцијација (ГБА).

Покрај засадените садници, со садење на цвеќиња се уредуваше и училишниот двор во ПООУ „Гоце Делчев“ во Илинден.

Во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на климатските промени во просториите на Домот на култура „Илинден“ се одржа и годишна конференција на здружението Зелена Градба Асоцијација на која присуствуваше и градоначалникот Георгиевски, како и претставници од бизнис секторот, претставници од амбасади но и претставници на повеќе здруженија поддржувачи на здружението ГБА

Претходниот артикал,БЕШЕ – А КАКО ?
Следната статијаЛука Трифуновиќ-Бокс

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука