*15Јануари1996г,МеснитеЗаедници:Илинден,Марино,Кадино,Мралино,Бунарџик,Миладиновци ,Мршевци ,Дељадровци , до Владата на Република Македонија поднесоа барање за формирање на општина ИЛИНДЕН . Иницијатива за ова барање произлезе од состанокот на сите претседатели на Месните Заедници што се одржа на 23 декември 1995г.во просториите на М.З.Илинден . Но под политички притисок на тогашната локална и државна власт од 23- 26 Јуни 1996г. сите Месни одржаа седници на Советите на МЗ , на кои ја преиспитуваа одлуката за барање за формирање на нова општина Илинден. При тоа дел од месните заедници се откажаа,дел го условија барањето за формирање на нова општина Илинден .
Единствени доследни до крај за формирање на нова општина Илинден и не подлегнаа на притисокот останаа, Месните Заедници Илинден и Марино,кои со својата зголемена активност успеава тоа барање да го изведат до крај, односно до формирањето на новоформираната општина Илинден во септември 1996г.
* 15 јануари 1992.- Арбитражната комисија на Европската заедница на чело со претседателот Бадинтер (Бадинтерова комисија) соопшти во својот извештај дека се исполнети сите услови за меѓународно признавање на Македонија.
* 15 јануари 1875.- Во селото Селци, Дебарско, е роден Војдан Поп Георгиев – Чернодрински, македонски драмски писател, театарски режисер, артист и основоположник на првиот македонски театар. Автор е на драмите “Македонска крвава свадба”, “Од главата си патиме”, “Робот и агата”, како и на многу други драмски дела непосредно инспирирани од македонското револуционерно минато. Потекнува од свештеничко семејство. Се школува во егзархиското училиште “Свети Климент” во Охрид, во Солун, во Грац и во Берн. Умре во Софија, на 8 јануари 1951 година.
* 15 јануари 1909.- Во Солун е формирана Народната федеративна партија, легална граѓанска политичка партија во Македонија, чии основни цели беа обласна политичка автономија на Македонија во рамките на Турција, аграрна и даночна реформа, работничко законодавство, соработка со прогресивните движења во Турција и борба против балканскиот империјализам. Меѓу најпознатите македонски револуционери – припадници на оваа партија се Димитар Влахов, Јане Сандански, Анастас Митрев, Димо Хаџи Димов и други.
* 15 ЈАНУАРИ 1920 година во Битола е роден Петар (Пецо) БОЖИНОВСКИ-Кочо, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија, народен херој. Како млад работник станал член на СКОЈ и нешто подоцна во 1941 г. на КПЈ. По фашистичката окупација бил член на Воениот комитет при МК на КПЈ во Битола и го помагал функционирањето на партиската техника. На 22 април 1942 г. станал борец во редовите на првиот Битолски партизански одред „Пелистер“. Од 6 јули 1942 г. бил борец и интендант во Битолско-преспанскиот партизански одред. Во јули 1942 г. од бугарскиот воен суд бил во отсуство осуден на смрт. Во септември 1942 г. станал борец во Битолскиот партизански одред „Јане Сандански“. Во 1943 г. станал специјален курир при Главниот штаб на НОВ и ПОМ. Во август 1943 г. бил заменик политички комесар на чета во Партизанскиот одред „Даме Груев“, а потоа од јуни-октомври 1944 г. бил заменик политички комесар на Седмата македонска бригада. Во оружените борби двапати бил рануван. Прогласен бил за народен херој на Југославија на 2 август 1952 г. Починал во Скопје на 26 септември 1970 г.
*15 ЈАНУАРИ 1922 година во Прилеп е роден Ѓоре ДАМЕСКИ – Боксерот, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија, политичар и стопанственик. Како раководител на штрајковите на тутунските работници, бил апсен од српската полиција, а како член на КПЈ од 1942 г. апсен бил и од бугарската полиција и лежел во затворите во Битола, Скопје, Бургас и Перник. Потоа заминал партизан во 1943 г. и бил пушкомитралезец, помошник политички комесар на чета и на баталјон на Првата македонско – косовска бригада, политком на баталјон на Втората македонска бригада, на Првата македонска бригада, на Четириесет и деветтата и Педесеттата дивизија на НОВЈ. По 1945 г. бил долгогодишен член и инструктор на ЦК на КПМ/СКМ, директор Претпријатието за ПТТ сообраќај, пратеник во Републичкото и Сојузното собрание. Носител бил на Орден народен херој на Југославија 29 ноевмри 1953 година. Починал во Скопје во 1995 година.
* 15 јануари 1945.- Во Скопје почна дводневна Прва земска конференција на ветеринарните лекари во Македонија. Притоа беа формирани првите ветеринарни станици, а со тоа беа удрени темелите на ветеринарната служба во Македонија.
* 15 јануари 1945.- Во ноќта меѓу 15 и 16 јануари се извршени двете најмасовни и најбрутални стрелања во Македонија. Без судење и почитување на пресумцијата на невиност, во најголема тајност и итност, од истражниот затвор на ОЗН-а во Велес се егзекутираа 53, според најновите истражуања 86 затвотреници, а во Куманово 48 затвореници под глобално сомневање дека се „народни непријатели“. Масакрот е прогласен за „државна тајна“ (!?). Полувековниот молк го прекина Титовиот биограф, политичарот и академик д-р Владимир Дедиер кој во април 1990 година во двонеделникот „21“, орган на ЦК СКМ, отворено го обвини некогашниот шеф на КОС, генералот Јефто Шашиќ кој во Велес „една ноќ ги зграпчил затворениците за гуша и без сослушување сите ги стрелал“. Во автобиографските белешки, објавени 1999 година претседателот на Президиумот на АСНОМ Методи Андонов Ченто обелодени дека за стрелањата во Велес и во Куманово дознал од семејствата, откако тие биле извршени без да биде информиран и консултиран. Како иницијатор тој го посочи Едвард Кардељ, а за наредбодавач Лазар Колишевски. Истиот ден отпатувал за Белград каде објаснување побарал од маршалот Тито кој исто така не бил информиран и веднаш издал наредба да престанат стрелањата без судење.
* 15 јануари 1957 година во Центарот за обука на МВР Идризово отворен е музејот на криминалистика.Во истиот има 3.000 примероци, кои сведочат за големи човечки трагедии и злосторства. Основоположник е Властимир Маџаровски и тој бил првиот кустос. Меѓу многуте експонати најголемо внимание привлекува препарираното тело на мајмунката Милева од зоолошката градина во Скопје, чија приказна почнува во далечната 1960 година. Младенчето на мајмунката ѝ починало на раѓање, па таа од голема тага и болка избегала од својот кафез. Бегајќи забележала петмесечно бебе во количка, го грабнала и се искачила на дрво. Со текот на времето на Милева ѝ попуштиле рефлексите и го пуштила бебето. Мајмунката била застрелана, препарирана и денес е изложена во музејот со кукла од бебе во едната рака.
* 15 јануари 1992.- Владата на Република Бугарија ја призна Република Македонија за суверена и независна држава. Бугарија беше првата земја што ја призна Република Македонија. Жељу Жељев прво ја призна Македонија како суверена и самостојна држава, потоа лобирал во Турција како дел од НАТО да ја признае Македонија, и тоа веднаш по сугерирањето на Жељу и се случи. А подоцна Жељу ја убедувал и Русија, сметајки дека и таа и е потребна на Македонија и го убедувал Елцин на неколку средби да ни ја признае државата. За големата заслуга за признавањето на Македонија Жељу Желев беше одликуван со орденот за заслуги 8.Септември од страна на Претседателот Иванов изјави дека, Република Македонија е признаена со нејзиното Уставно име од 127 земји меѓу кои Руската Федерација, Турција, САД, Кина, Велика Британија,…
* 15 јануари 1992.- Во Скопје, во издание на НИО „Република“, излезе првиот број на првото македонско списание на англиски јазик „Маседониан њуз-магазин“.
* 15 јануари 2001 година започна со работа Википедија на англиски јазик. Овој датум се слави низ светот како роденден на Википедија.
* 15 јануари 2007 г. Во Бигорскиот манастир пристигнале светите мошти на Св.Јован Кукузел .Моштите пристигнаа преку Големата Лавра ,манастир на Светото Преобраќение во Бостон (каде се чува целиот черепи погплем дел од моштите).Во чест на родните краишта на Св. Јован Кукузел му е подигнат параклис во Манастирот на Св. Георгиј Победоносец во село Рајчица –дебарско.