20 јануари – Собор на Свети Јован Крстител.
На 20 јануари се прославува соборно со песни празникот Собор на Свети Јован Претеча и Господов Крстител.На овој ден се одбележува споменот на десната рака на Свети Јован Крстител, светата рака со која ја допре главата на Христос при крштевањето, која Светиот Евагелист Лука ја пренел од Севастија во Антиохија.
Подоцна била пренесена во Цариград.
За величината на Свети Јован Крстител ни зборува Самиот Господ Исус Христос:
Вистина ви велам: меѓу родените од жена не се јавил поголем од Јована Крстител”.
Нашите предци од секогаш верувале дека токму на денот на свети Јован се случуваат разни чуда со помош на овој светец и оттаму потекнува мноштвото народни обичаи врзани токму за овој ден:
-На свети Јован верниците, по можност не треба да земаат нож во раце, во знак на сеќавање на страдањето на Јован.
На овој ден не се извршуваат тешки работи.
Свети Јован е пример на чесност и праведољубие, па во народот има обичај луѓето на Јованден да се збратимат и кумат „по Бог и Свети Јован“, бидејќи Јован се смета за примерен карактер и почит, а во Светото писмо е наречен и ангел.
Еден обред бил посебно популарен меѓу старите и болни луѓе, кои сакале да дознаат дали ќе го дочекаат следниот Јованден:
Ноќта меѓу Богојавление и Јованден се земало едно јајце и се пуштало во сад со вода, ако потонело тоа значело дека судниот ден е близу. Ова е само делче од народното верување во моќта на зачетокот на животот и неговата духовна врска со Бог, Христос и Свети Јован.
На децата на овој ден не им се дава ништо што има црвена боја. Ни јаболко, ниту сок. Не се јаде и пие ништо што е црвено, бидејќи симболизира невино пролеана светителска крв.
Православците слават куќна слава на свети Јован, кој е на трето место по бројот на светци кои се слават, а католиците обично слават именден.
Среќна слава кои го слават одој ден и го носат ова свето име.