Гоце беше познат по многу убави македонски песни , но сепак најознат е по својот голем хит „Бисер балкански“испејана во 1990г. Оваа песна македонците си ја прифатија како симбол на својата долгочекана независност и сувереност и симбол на македонштината, а на сите прослави оваа песна дури и до денес се изведува по повеќе пати. А, дијаспората оваа песна многу пати била изведувана како македонска химна. Инаку , Гоце Николовски покрај оваа песна издал и неколку други песни како „Серенада’, „Приказна за Ангелина“, „Запејте сите ангели“, „Бисера“, „Песна од земја далечна“, но никоја од нив не ја достигнала популарноста на песната „Бисер Балкански“. Во 1992 година, Николовски учествувал на фестивал во Канбера, фестивал сличен на Фолк фест Валандово со песната „Од мајка нема помила“.. Поради неговиот придонес за сплотувње на македонската заедница во Австралија, Николовски бил прогласен за почесен граѓанин на Аделаида, а градоначалникот на овој град му доделил на Гоце почесен „клуч на градот“. Неговиот голем хит „Бисер балкански“ во 2000 е прогласен за песна на векот во Македонија. Роден во Скопје, во 1947 година.