Јордан Здравковски-аматер уметник
Живее во населба Илинден ,потекнува од родот „Џиковци“.
Уште од ученичките денови имал склоност кон ликовните творби, а како љубител на уметност долги години ја раководеше ликовната секција при КУД Илинден-населба Илинден.
Во поново време се занимава со еден нов вид на уметноста изработка на дрвени предмети како работни маси,даски за послужување и друго кои се користат воглавно во домаќинствата.
Неговите креаторски способности од обично дрво да направи уметнички предмет душевно го исполнува и си го пополнува неговото слободно време.
Најпрво започал со изработка на дрвени предмети од обични штици, а со време постојано трагал по дрва со подобар квалитет и така денес тој предметите ги изработува од благородни дрва: Орев,Цреша,Махогонија,Брест и други кои ќе му ги „фати“окото.
Инако тој е сопственик на Маркет „Ор–кo“ во населба Илинден , кој долги години успешно работи во снабдување со прехранбени артикли за населението.
Населба Илинден на Јордан,му искажува благодарност што придонесе да се збогати овој текс и му посакува добро здравје и да создаде уште многу уметнички изработки.