-На 30 март 1948 година започна депортацијата- eгзодусот на Македонците во Егејска Македонија ,како последица на Грчката граѓанска војна Никогаш да не се повтори!
Слава им🙏 на сите илјадници Македонци жртви кои настрадаа во периодот од 1946 до 1949. за време на граќанската војна во Грција

Со авиони на Британското воено воздухопловство, започнало бомбардирањето на цели села и населби на Македонци од Егејска Македонија.. Меѓу нив имало десетици илјади деца протерани нарекувани како деца-бегалци, далеку од дома протераните децата за да не паметат каде се родени,да не ги паметат родителите, роднините, домовите Бил направен исклучок за децата од две дотри години, биле оставени со мајките До 1950 г, имало: 5.132 деца во Романија, 4.148 во Чехословачка, 3.590 во Полска, 2.859 во Унгарија 672 ,Бугарија, најмногу во СССР во Ташкен Ги евакулирале од ККЕ во организирани акци Проценето е дека до 1949 г.ги напуштиле домовите во Егејска Македонија повеќе од 100.000 Македонци,а во текот на Граганската војна во Грција загинале 21.000 Македонци Во периодот помеѓу 1945 – 1949 година грчките владини сили стрелале околу 6.000 Македонци. Околу 50.000 Македонци емиграрале во Југославија, а околу 30.000 Македонци се населиле во Советскиот Сојуз и источноевропските комунистички државина Македонските деца од Грција.
–30 март 1923.- Во Скопје е роден Тихомир Карапанчевски, македонски композитор, диригент, тромбонист, публицист и еден од првите македонски музички критичари. Од делата му се познати „Еленово царство“ (увертира за симфониски оркестар), „Охридска идила“, „Вардарска рапсодија“ и други. Умре во Скопје, на 13 февруари 1950 година.
-30 март 1992.- Република Македонија и Република Хрватска со размена на ноти склучија спогодба за воспоставување дипломатски односи меѓу двете држави на ниво на амбасади.
-30 март 1994.- Во Стразбур, Република Македонија пристапи на 15 конвенции на Советот на Европа.

-30 март 1995.- Умре Димче Протуѓер, македонски сликар и графичар, еден од основоположниците на македонското сликарство по ослободувањето, и еден од основачите на ликовната група „Денес“. Работеше пејзажи, мртви природи, дрворези, таписерии, илустрации за книги и друго. Роден е во Охрид, на 24 октомври 1920 година

-30 март 2001.- Во планинарскиот дом „Китка“ е најден убиен Јосиф Илковски, македонски новинар, публицист и писател. Роден е во Велес, во 1924 година.
– 30 март 2007,починал Трајче Попов — македонски режисер.