НА ДЕНЕШЕН ДЕН -29 МАРТ

0
124

-29- март 1919 година ,формиран е  ФК Љуботен ,а деновиве и официјално беше признат како 22-ри  најстар фудбалски клуб во светот. Ова признание го доделува англиски Шефилд, кој важи за прв фудбалски клуб на светот, формиран во 1857 година. Во ова друштво влегуваат сите клубови кои наполниле 100 години и, што е најважно, кои континуирано работат и немале прекин во постоењето.ФК Љуботен бил формиран од група тетовски гимназијалци на 28 март 1919 (Фото: СДК.МК)Ова признание го доделува англиски Шефилд, кој важи за прв фудбалски клуб на светот, формиран во 1857 година. Во ова друштво влегуваат сите клубови кои наполниле 100 години и, што е најважно, кои континуирано работат и немале прекин во постоењето.

– 29 март 1942 година во Скопје се одигра фудбалски натпревар пред 5000 гледачи  помеѓу  Македонија и Левски,каде Македонија победи со 2:0

– 29 март роден е 1944 Разме Кумбароски — македонски поет, романсиер и преведувач.

– 29 март 1947.- Во селото Крушари, откако беше предаден, во борба против грчките фашистички жандарми, не успевајќи да се спаси, со рачна бомба си го одзеде животот Тодор Дојчинов – Морава, македонски револуционер и еден од раководителите на НОФ во Ениџе-Вардарска околија. Роден е во Ениџе-Вардар, во 1921 година.

– 29 март 1967 Со одлука на Собранието на Општина Крушево се основани Научно-културните средби „Десет дена Крушевска Република“. 

– 29 март 1989.- Советот на Струшките вечери на поезијата го прогласи австралискиот поет Томас Шапкот за добитни на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата за 1989 година.

-29 март 1997.- Во Луксембург, Република Македонија и Европската унија ја потпишале Спогодбата за соработка.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

-29 март 2014.- Почина Борислав Петар Градишки. Борислав Петар Градишки е еден од најголемите борци за македонската национална самостојност. Неговата политичка борба подеднакво јасно и недвосмислено се формулирала во времето кога тој бил идеолог на илегалното македонско национално движење “БУНТ“ како и во долгите 12 години робија кои ги отслужува во затворот Идризово, од 1945 до 1957 година.  Голите факти за животот и за позициите на Градишки кажуваат дека тој е еден од најтешките политички затвореници во Македонија, со доделена затворска казна од дваесет години затвор и одлежани дванаесет, од кои барем половината во изолација, поединечна и групна. Голите факти укажуваат и на тоа  дека е вистинско чудо што воопшто преживеал човекот кој во затворот е избран за претседател на илегалната влада формирана од младите ВМРО-вци во затворот Идризово, земајќи ја во предвид тогашната политичка констелација која ги проскрибира и жигосува приврзаниците на идејата за македонската национална самостојност. Познат е на македонската јавност како поет и сликар.  Автор е на две збирки песни: “Исповед на еден проколнат поет“ (сонетен венец) и “Мртовечки сон“.

Претходниот артикал,Жика Стојчевски-поранешен фудбалер
Следната статијаНА ДЕНЕШЕН ДЕН-30 МАРT

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука