Ристиќевата палата

0
114

Ристиќевата палата е изградена во 1926 г. по проект на архитектот Драгутин Маслаќ.Таа се наоѓа на Плоштадот Македонија, во Скопје. 

Ја изградил  српскиот фармацевт Владислав Ристиќ. Во приземјето биле сместени деловните простории, а семејството Ристиќ живееле на погорните спратови.

Целата градба на палатата била под постојана контрола на Ристиќ ,тој не сакал ништо да препушти на случајност,се залагал во палатата да се вградат најдобри градежни материјали.

Палатата е една од  ретките тогашни градба во која била вградена железна арматура,цврстина која имодолеа и на поплавата во 1962 година и на земјотресот во 1963 година.

Ристиќевата Палатае карактеристична и по тоашто во неа е вграден првиот лифт во Македонија,кој беше во уптреба до пред неколку години, 2011 г. кога станарите го предале на Музејот на Град Скопје.

Претходниот артикал,НА ДЕНЕШЕН ДЕН-30 МАРT
Следната статијаНА ДЕНЕШЕН ДЕН -31 МАРТ

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука