- НА ДЕНЕШЕН ДЕН .
-30 април 1996г.Поднесена е ургенција на претходно поднесеното барање за формирање на нова општина со назив „ИЛИНДЕН“, со седиште во населба Илинден. Барањето го поднесоа: МеснитеЗаедници:Илинден, Марино, Kадино, Мралино, Миладиновци, Мршевци, Дељадровц, и Бунарџик .
Барањето за формирање на општина Илинден беше поднесено на 15 јануари 1996 г.,а со оглед на тоа долго време истото барање не беше разгледувано , а времето за новатаа територијална поделба се ближеше, се поднесе оваа ургенција.
Ургенција беше поднесена едногласно од сите Месни Заедници ,како и претходното барање, со кое се бараше формирањето на општина Илинден .
Но,под политички притисок од тогашното највисоко раководство на општина Гази Баба и некои Пратеници од тогашниот Парламентарен состав од 23- 26 Јуни 1996г. сите Месни Заедници одржаа седници на Советите на МЗ , со единствена цел да се отстапи од барањето за формирање на општина Илинден.
По ова големиот дел од Месните Заедници се откажаа или го условија барањето за формирање на општина Илинден .
Доследни до крај и не подлегнаа на притисокот единствено останаа, Месните Заедници Илинден и Марино,кои со својата зголемена активност и со помош на поедини Пратеници успееја во тоа барање да го изведат до крај, односно до формирањето на новоформираната општина Илинден кое се случи во септември 1996г.









































