НА ДЕНЕШЕН ДЕН 12 МАРТ

0
486

-12 март 2017 година, почина  Вања Лазарова – Димитрова на 86-годишна возраст. Лазарова  родена  е на 27 април 1930 во с. Страцин, Кратовско.Извесно време работеше во Операта при МНТ, а била членка и на Државниот ансамбл на народни игри и песни “Танец“. Има испеано стотина македонски изворни народни песни, од кои најголемиот дел се снимени во продукцијата на МРТ. Има настапувано на голем број концерти на повеќе континенти. Пеела во Алберт Хол во Лондон пред британската кралица Елизабета II и премиерот Винстон Черчил.

-12 МАРТ 1913.- Во Скопје е роден Петре Богданов – Кочко, македонски композитор и пејач (тенор), учесник во НОВ на Македонија. По ослободувањето на Македонија беше еден од првите организатори на музичкиот живот. Неговото име се врзува со основањето на Здружението на музичките уметници на Македонија (беше прв претседател) и на Скопската опера и балет. Беше диригент на Музичката школа (1946-1947), солист на Операта (1947-1953), главен музички уредник на Радио Скопје, директор на Операта и друго. Умре во Скопје, на 22 февруари 1988 година.

-12 МАРТ 1881.- Во Солун е роден турскиот државник Мустафа Кемал, познат како Кемал Ататурк, татко на модерна Турција. Под негово водство во 1922 година исфрлен е последниот султан Мухамед Шести, а во 1923 година Турција е прогласена за република. Тој е еден од творците на Балканскиот сојуз во 1934 година.

-12 март 1935.- Во Њујорк умрел Михаило Пупин,(потеклото му е од Вевчани) физичар со светски углед. Бил професор по физика и математика на Универзитетот „Колумбија“ во САД, го пронашол системот на повеќекратна фотографија и ги открил секундарните рендгенски зраци. Човештвото најмногу го задолжи со решението на проблемот на телеграфски и телефонски пренос на далечина. За својата научна дејност посмртно ја добил Пулицеровата награда во 1924 година, како и многу други награди со светско значење. Роден бил во селото Идвор, во Банат (Војводина), на 4 октомври 1858 година.

-12 МАРТ 1952.– Во битолскиот Народен театар се одржа првата дипломска претстава во                 Македонија, со која Димитрие Османли, тогашен студент на белградската Театарска академија ја одржа премиерата на комедијата “Ѓаволштините на Скапен” од Молиер и го положи високообразовниот испит по режија со одличен успех. Со тоа Османли стана првиот македонски димпломиран, воедно театарски и филмски, режисер. Со тој академски старт токму во Битолскиот театар започна една богата театарска и мултимедијална режисерска биографија на творецот кој како дел од основачката генерација на високобразовната институција, стана и прв декан на Факултетот за драмски уметности во Скопје.

-12 МАРТ 1987.- Во Советскиот Сојуз е извршена првата успешна трансплантација на срце.

-12 МАРТ 2014.- Во Скопје по подолго боледување почина писателот Србо Ивановски. Србо Ивановски е еден од најзначајните автори, претставници на втората генерација повоени македонски писатели. Во развојните процеси на македонската литература тој остави длабоки траги како поет, раскажувач, романсиер, драмски автор и писател за деца. Беше член на Друштвото на писателите на Македонија од 1949 година. Еден мандат беше претседател на ДПМ. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје. Работел како уредник во Телевизија Скопје.

Претходниот артикал,НА ДЕНЕШЕН ДЕН 11 МАРТ
Следната статијаДЕЛЧЕВО

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука