* 6 октомври е Светски ден за здрава вода.
* 6 октомври 1963г. Дел од Миладиновци го зафати поплава по уривањето на браната во Бучинци.Реката низ Миладиновци се изли при што водата се изли околу училишната заграда, куќите за учителите ,имотот на училипната задруга и околните куќи во Миладиновци претрпеле материјални штети.

*6 октомври 1910 г. Во Бунарџик дошла турска потерата ги фатила и селаните Симеон Ристов и Насто Велков, кои откако ги претепала, ги качиле на кола заедно со двајцата соселани Насто Гичев иКоста Ристов, кои по трет пат биле тепани, ги однеле под стража во Скопје.Оттаму потерата заминала за с. АЈВАТОВЦИ ,каде го земала и го тепала до безсознание селанецот Милан Арсов, кого, исто така, го затворила и го одвела под стража во Скопје. Во затворот сите затворени селани биле повторно малтретирани и тепани.

*6 октомври 1014.- Во Преспа умре македонскиот цар Самуил. Во битката кај Беласица на 29 јули 1014 година, што се водеше меѓу македонскиот цар Самуил и византискиот цар Василиј Втори, војската на цар Самуил беше целосно поразена, а тој се спаси со бегство. По битката, византискиот цар Василиј Втори наредил да се ослепат околу 15.000 Самуилови војници, а на секој стоти војник да му се остави по едно око за да ги води другите. Така ослепените војници биле испратени кај цар Самуил. Од глетката што ја видел, Самуил умрел од срцев удар. Самуил го наследил неговиот син Гаврил Радомир. Самуиловата држава постоеше 38 години, од 976 година до смртта на Гаврил Радомир, во 1018 година.
*6 октомври 1943.- Балистите запалија поваќе куќи во селото Кленоец и селото Попоец, Кичевско, а во наредните денови беа ограбени повеќе куќи и убиени луѓе во селата Душегубица, Иванчиште, Малкоец и други.

Во борба против балистичките банди и германските сили, загина Јосиф Јосифовски – Свештарот, народен херој на Македонија Роден е во Гевгелија, на 2 август 1914 година.. Во оваа борба загинаа и повеќе од 70 партизани.

А, меѓу нив бил и Трајан БЕЛЕВ-Гоце, истакнат припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија. Роден бил во село Ѓавато, Битолско на 4 јануари 1902 година
*6 октомври 1944.- Во селото Прждево, Неготинско, влегоа германските фашисти и почнаа да ги палат куќите и амбарите во знак на одмазда поради успешната акција на минерската чета, која истиот ден крена во воздух еден од оклопните германски возови. Притоа, фашистите стрелаа 21 невино лице и својот крвав поход го завршија во селото Бесвица, каде што, покрај палежот на куќите, стрелаа 39 луѓе.
*6 Октомври 1944 – Во Кучевиште, Скопско, беше формирана Осумнаесеттата македонска НО бригада. Во нејзиниот состав влегоа 2,212 борци од Скопскиот и Шарпланинскиот НОП одред, од 8. Прешевска и од 12. Бујановачка бригада. Раководители: командант Глигорие Шарановиќ, политички комесар Стево Вукановиќ, началник на Штабот Петар Струин.

*6 октомври 1996.- Во Скопје, на локалитетот „Средно Водно“, е осветен камен-темелникот на новата црква „Раѓање на Пресвета Богородица“.
*6 октомври2001.- Умре Петар Серафимов, еден од првите членови – основоположници на Македонската академија на науките и уметностите и професор на Градежниот факултет во Скопје. Роден е во Охрид, на 28 мај 1915 година.