НА ДЕНЕШЕН ДЕН 11 МАРТ

0
712

11 март 2012 година, основано ,односно пререгистрирано е КУД Илинден,со ново име  „АНПИ-Илинден“.Иницијатива за обнова –пререгистрација на друштвото беа  поранешни  игроорци ,поранешни членови на управните орaгни и други .

-11 март 1903 година Јордан Варналиев води битка со турската војска во село Карбинци,штипско и се самоубива со последниот куршум, за да не падне жив во рацете на џелатите. Умира едвај на 20 години.Роден е во 1883година во Велес, тогаш во Османската империја. Племеник е на револуционерот Петар Михов. Завршува четврти клас во бугарската машка гимназија во Солун. Влегува во ВМОРО и заедно со својот брат Диме се меѓу првите револуционерни дејци во Велес. Од 1901година е четник, а подоцна организатор и војвода во Кратовско.

-11 март  1918.- Москва станала главен град на Советската влада на чело со Владимир Илич Ленин и ЦК на РКП се преселила од Петроград во Москва. Тогаш Москва станала престолнина на првата социјалистичка земја во светот.

-11 март 1931 во Скопје, роден е Драган Ѓокановски –Шпато,џез музичар, диригент, музички аранжер. Починал 3 јануари 1987 Скопје, Македонија

-11 март 1931.- Во Куманово е роден Драгутин Аврамовски – Гуте, македонски академски сликар и графичар. Тој е еден од првите македонски апстрактни сликари и има особен придонес за развитокот на современиот графички израз во Македонија. Се занимаваше и со сценографија и илустрација. Умре во Скопје, на 12 септември 1986 година.

-11 март 1941г.починал  Јосиф Михајловиќ – Јурукоски Тресонче, Гостиварско,  тој е еден од позначајните тресончани кои живееле во периодот меѓу двете светски војни. Тој бил градоначалник на Скопје и творец на најкапиталните архитектонски објекти во градот. Живеел само 54 години. Ретко кој се запрашал кој бил градоначалник на Скопје кога се изградил градскиот водовод од изворот „Рашче“ кај селото Радуша, кога се подигнала хидроцентралата „Матка“ на реката Треска, зградата на Собранието на Република Македонија, старата железничка станица во центарот на Скопје (урната во земјотресот во 1963 година), “Зеленото пазарче” до зградата на Парламентот, Офицерскиот дом (разрушен во земјотресот), старата зграда на Народната Банка на Македонија (исто така разурната во земјотресот), градскиот парк и зоолошката градина. Негови дела исто така се: урбанистичкиот план на градот, проширувањето на електричната мрежа и канализацискиот систем на целата територија на Скопје, машката гимназија „Кирил и Методиј“ и женската гимназија „Кралица Марија”“ ја обновил опожарената библиотека на Иса бег каде се наоѓала и книгата на најславниот лекар Хипокрит на арапски јазик, што на латински се  превела дури во 16 век на запад. Неговиот мандат траел седум и пол години

 На неговиот погреб на 11 март 1941 година, само еден месец пред почетокот на Втора светска војна. Погребната поворка ја следеле повеќе од 15 илјади скопјани, церемонијата траела околу 5 часа, а проштални говори за живот и делата на Јосиф одржале повеќе од 20 лица. Во хрониките останало запишано дека поворката ја следеле голем број граѓани облечени во мијачки народни носии, со бечви, минтани и црни кечиња..

-11 март 1943.-Евреите од Македонија  биле собрани во сточни вагони и од Битола и Штип сите заедно доведени во скопскиот Монопол, каде што останале до крајот на март во екстремно тешки хигиенски и психолошки услови. Сиот имот им бил земен, а накитот и парите конфискувани. Потоа повторно биле натоварени, меѓу 80 и 120 во еден вагон, и транспортирани во тогаш окупираната Полска, во логорот на смртта Треблинка, каде што биле егзекутирани.Ниту еден од уапсените не се вратил. Во Треблинка биле убиени 98 проценти од вкупното еврејско население во Македонија во 1943 година, што е меѓу најголемите проценти во светот.

11 март 1945.- Во Македонија почнаа првите слободни избори за селски, градски и околиски народноослободителни одбори. На овие избори кои траеја до 25 март, за прв пат гласаа и жените, лицата со навршени 18 години и сите припадници на Југословенската армија.

-11 март 1992.-  за првпат во караулата „Рамна нива“ се развиори македонското знаме кое го подигна Драги Митовски, војник на Територијалната одбрана, а караулата ја прими постариот водник СонкоАнгеловски и  влезе во историјата како прв старешина на Македонската армија, која ја презеде караулата  од својот претходник, старешината на сојузната војска Радослав Милошевиќ.  

-11 март 1996.- Република Македонија е примена за 39-ти рамноправен член во Северноатлантскиот совет за соработка.

-11 март 1996.- Со одлука на Советот на европските министри, Република Македонија е примена во Клубот на земјите-членки на ФАРЕ.

-11 март 2002.- Во Скопје умре Илија Милчин, македонски артист и преведувач, почесен член на Друштвото на писателите на Македонија. Роден е во Прилеп, на 19 јуни 1918 година

11 март 2016.- Починал Александар Стојановиќ, балетски уметник од првата генерација на уметници кои ја втемелиле оваа уметност во Македонија. Стојановиќ посебно ќе биде запаметен по улогите на Алберт и Хиларион во „Жизел“, Жан де Бриен во „Рајмонда“, Ромео „Ромео и Џулиета“, Лабин во „Лабин и Дојрана“, Капетанот Кука во „Петар Пан“ и многу други. Бил и успешен кореограф и репетитор во редица неповторливи балетски проекти.

Претходниот артикал,Кратово во 17 век.
Следната статијаНА ДЕНЕШЕН ДЕН 12 МАРТ

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука