
-1 февруари 1878, Атанас Даскалов – Таската Серски – македонски револуционер, серски околиски војвода на ВМОРО.Таската во 1901 година завршува педагошко училиште во Сер, каде организира револуционерен кружок. Неколку години потоа работи како учител во село Шугово, Серско. Комита е во четата на Јане Сандански и близок соработник на Гоце Делчев, кај кого бил комита во 1902 година. Таската учествува во борбата во село Баница, во која загинува Гоце Делчев.По Илинденското востание е серски реонски војвода во Серскиот револуционерен округ со чета од 28 комити, повеќето дезертери од бугарската армија.Учесвува во Младотурската револуција и станува активист на Народната федеративна партија – во 1910 г. е избран за член на Централното раководство на партијата. Во октомври 1910 година за време на разорувачката акција е малтретиран од властите.Во Балканската војна е војвода на чета на Македоно-одринското ополчение, а покасно служи во штабот на 15 штипска дружина.По војните, во Софија е член на Привременото претставништво на поранешната ВМОРО. Убиен е од член на десницата во ВМРО во 1923 година, додека бил на операциja за слепо црево кај Александар Станишев од Кукуш.
–1 февруари 1943.- Кај селото Старо Градско, на Косово, во борба против италијанските фашисти и против балистите, загина Александар Урдаревски – Станко, народен херој на Југославија, од Македонија. Роден е во селото Чучер, Скопско, на 18 февруари 1920 година.

–1 февруари 1872.- Во селото Лактиње, Охридско, е роден Смиле Војданов, македонски револуционер, учител и војвода. Учесник е во Илинденското востание во својство како војвода во Дебарско и Охридско. Тој е првиот македонски лобист на просторот на цела Северна Америка, залагајќи се за македонска држава. Умре во Понтијак, САД, на 4 март 1958 година.

–1 февруари 1834.- Во Охрид е роден Кузман Шапкарев, еден од најзначајните собирачи, публикувачи, афирматори на македонски народни умотворби и еден од првите македонски учебникари. Ги објави делата “Зборник на народни умотворенија, наука и книжнина”, “Материјали за животописот на браќата Миладиновци Димитрија и Константин”, како и осум учебници што ги напиша за потребите на училиштата на Македонија. Умре во Софија, на 18 март 1909 година.
-1 февруари 1912.- Во селото Буф, Леринско, е роден д-р Трифун Пановски, борец во НОВ на Македонија. Загина во несреќен случај во близина на селото Буринец, Струшко (во несреќата загинаа уште тројца борци и едно дете), на 22 јуни 1944 година.

-1 февруари 1926 во Прилеп родена е Тодорка Кондова-Зафировска— македонска глумица и режисерка.Тодорка завршила Театарска академија во Белград, на Отсекот за режија (1952). Член на драмата во МНТ (1945-1964) и во Драмскиот театар од 1964 година до пензионирањето.На сцената е од првата претставата на македонски јазик во Македонскиот народен театар – „Платон Кречет“, одиграна на 3 април 1945 гНејзиниот творечки опус е обемен, раскошен според карактерот и димензиите и се вбројува во редот на остварувањата на избраните великани на македонското глумиште. Таа се искажува како драмска, филмска, радио и телевизиска актерка, режисерка и професорка по актерско мајсторство на Факултетот за драмски уметности во Скопје, коешто и го потврди со објавениот учебник „Актерско мајсторство“.Починала на 29 мај 2003 во Скопје.
-1 февруари 1928 Ѓорѓи Мавродиев — македонски физичар.
-1 февруари 1944 Во близина на селото Мрежичко (мариовско) Втората македонска народноослободителна урадна бригада во текот на целиот ден води борба против бугарската гранична единица. Непријателот има 14 метви војници, 3 ранети и тројца исчезнати војници.

–1 февруари 1945.- Во велешката гимназија „Кочо Рацин“ првпат во слободна Македонија почна наставата на мајчин македонски јазик. Гимназијата е основана во 1857 година и е најстара гимназија во Македонија.

1 февруари 1950 година Илија Чулев умрел во затворот „Идризово“, по неколкумесечен престој во самица. Д-р Илија Чулев (1908-1950), завршил медицински факултет во Загреб. За време на студиите во Загреб, во 1933 година . Во 1938 година бил избран за пратеник во собранието на Кралството Југославија од листата на Земјоделската партија за Кавадаречка околија. Во своите дискусии во Собранието се залагал за подобрување на положбата на македонските селани, за правилно ликвидирање на аграрната реформа, за намалување на експлоатацијата која се вршела преку обезвреднувањето на клучните македонски производи (тутун, афион, ориз, кожурци итн.), за културен развој на селото итн. За време на својот мандат во Белград, материјално ги помагал македонските студенти (Страхил Гигов, Кирил Миљовски, Ванчо Бурзевски и др.). Во 1941 година бил интерниран во затворот Ивањица како симпатизер на КП, а потоа бил ослободен и како лекар работел во Прешево. Кон крајот на 1944 година бил мобилизиран во македонските воени единици како санитарен лекар. Истовремено, во текот на 1945 година бил апсен на два наврати заради неговите демократски убедувања, а потоа суден како припадник на организацијата “Демократски фронт на Македонија – Илинден 1903“. На 20.10.1945 година властите ја откриле организацијата и ги затвориле раководните лица. Тие ги издражле сите измачувања без да издадат некоја дополнителна информација. На сослушувањето во ноември 1945 година, меѓу другото, д-р Чулев изјавил дека неговата политичка идеологија е демократска, за давање поголеми права на сите народни слоеви во изградувањето на власта и решавањето на економските проблеми; дека демократијата во Македонија треба да изгледа како еден збир на сите конструктивни сили во државата кои што сакаат да помогнат во изградувањето на државата, без разлика на нивната партиска определеност; дека треба да се обединат и да бидат заедно сите три дела на Македонија. Процесот против овие приврзеници на идеите на ВМРО започнал на 8.2.1946 година. Константин Хрисимов е осуден на дваесет години строг затвор, Стефан Кузманов на петнаесет години, д-р Димитар Златарев на четиринаесет години, д-р Илија Чулев на десет години, Константин Динев на шест години, Петар Петров на четири итн. Д-р Илија Чулев бил подложен на најсурови измачувања. Бил деноноќно претепуван и ставан во безвоздушен карцер.
-1 февруари 1961 Антонио Митриќески — македонски филмски режисер.

-1 до 4 фефруари 1962г. прекината е наставата во училиштето во Илинден поради невреме(голем студ)
–1 февруари 1994.- Владата на Република Македонија донесе одлука за воспоставување на дипломатски односи меѓу Република Македонија и Република Финска на ниво на амбасади.
–1 февруари 1996.- Советот за безбедност на ООН го прифати предлогот на генералниот секретар на ООН од овој датум силите за превентивно распоредување на ООН (УНПРЕДЕП), да останат целосно независна операција во Република Македонија.
–1 февруари 2016.-Умрел Рафаил Колевски, академски сликар. Најмногу сликал актови, портрети и пејзажи, а последно на што најмногу се концентрирал биле апстрактните дела. Бил љубител на аналогната фотографија и поседувал сопствена лабораторија за развивање фотографии од негатив. Рафаил Коловски бил внук на познатиот зограф Крсте Коловски, кој ги изработил фреските во скопската црква „Св. Димитрија“ кои се самопрочистија на Велигден во 2012 година.