Први мај-Ден на трудот.

0
38

Во многу земји се поистоветува со денот на трудот кој произлезе од традициите на работничкото движење, иако славењето на први мај има длабоки корени во древните пагански празници посветени на природата. Празникот на трудот кој се празнува на првиот ден од мај и е посветен на борбата за зачувување и унапредување на работничките права,  всушност е ден на кој се оддава почит кон жртвите на штрајкот што се одржал од 1 до 4 мај 1886 година во Чикаго.

На првиот конгрес на Втората интернационала одржан во 1889 година било одлучено „Први мај да биде заеднички празник во сите земји, на кој работниците треба да манифестираат единство и солидарност во своите барања за подобрување на својата положба“. Оттогаш празникот е манифестација на класната солидарност на работниците во светот.

Во Македонија Први мај е државен празник, како и во повеќе земји во светот. Се до 2006 година Први мај се празнуваше два дена, на 1 и 2 мај, а од 2007 година се празнува само еден ден. Вообичаено кај нас, овој ден се користи за излети во природа. Скоро секој град има свои традиционални излетнички места, а тоа се најчесто зелени прекрасни ливади покрај вода каде населението ја пали традиционалната скара и со песна и игра го поминува денот на трудот.

Инаку , овој работнички празник масовно се празнуваше на излетничките места во околината на Скопје,најпосетени беа излетничките места на Водно,Скопска Црна Гора,Сарај,Катланово и други.

Претходниот артикал,Ученици фолклористи
Следната статијаНА ДЕНЕШЕН ДЕН -1 МАЈ

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука