-19 декември 2002 почина Александар Сариевски ,легендата на македонската народна песна Сариевски, со својот уметнички профил и опус го вгнезди своето име во севкупната наша културна историја.За сето свое шестдецениско уметничко живеење, Александар Сариевски испиша богати биографски страници, остави над 400 трајни звучни записи за Музичката продукција на МРТВ и за други дискографски продукции, кои вечно ќе припомнуваат за една неповторлива уметничка личност која даде огромен придонес во негувањето и афирмирањето на македонската фолклорна уметност кај нас и насекаде во светот.Многумина се обидуваа да ја испеат легендарната песна “Зајди, зајди јасно сонце”, но никој од нив не може да ја надмине интерпретацијата на генијалецот Александар Сариевски. Секако и песните “Дејгиди луди млади години”, “Зајко кукурајко”, “Абер дојде Донке од кулата”, “Митро, Митро мори”, “Абреј невесто, око калешо”, “Седна баба да вечера”… ќе не потсетуваат на него како врвен естраден уметник кој со песна на цел свет му раскажуваше за неговата Македонија.

–19 декември 1907.- Во селото Долна Грашница, во близина на Ќустендил, умре (таму е и погребан) Димитрија Поп Георгиев – Беровски, македонски револуционер, учител, војвода, идеен водач на Разловечкото (1876) и Кресненското востание (1878) против турското владеење, близок соработник на Гоце Делчев. Роден е во Берово, во 1840 година.

-19 декември 1920 г. во Неготино е роден Лазар МОЈСОВ припадник и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија, државник, политичар, публицист, дипломат. Во текот на Националноослободителната војна и антифашистичка борба бил борец во партизанскиот одред „Добри Даскалов“, во баталјонот „Мирче Ацев“ и во Втората македонска ударна бригада. Работел во агитационо-пропагадното одделение на Главниот штаб на НОВ и ПОМ. По ослободувањето вршел повеќе државни и политички функции. Во март 1945 г. бил назнач ен за народен обвинител во Судот на националната чест на ДФМ. Бил јавен обвинител на ДФМ (1949–1951) и претседател на Врховниот суд на НРМ (1953-1955). Бил вонреден и ополномоштен амбасадор на ФНРЈ во СССР и во Монголија (1958-1961), амбасадор на СФРЈ во Австрија (1967-1969), во Гвајана и во Јамајка (1969-1974). Покрај тоа бил шеф на Постојаната мисија на СФРЈ кај ООН (1969-1974) и претседател на 32-то заседание на Генералното собрание на ООН (1977-1978). Бил претседател на Претседателството на СФРЈ (1987-88). Бил носител на значајниот орден „Партизанска споменица 1941“, како и на други југословенски и македонски награди и признанија. Починал во Белград, Србија, на 25 август 2011 г.

–19 декември 1921.- Во селото Небрегово, Прилепско, е роден Блаже Конески, еден од најистакнатите македонски културни дејци, академик, писател, врвен поет, научник, чие творечко истражување даде огромни резултати во македонската литература во областа на културната историја на македонскиот народ. Во 1945 година ја објави првата книга, поемата “Мостот”, а потоа и делата “Земјата и љубовта”, “Песни”, “Стари и нови песни”, “Чешмите”, “Послание”, “Светото на песната и легендата” и други. Автор е на повеќе значајни трудови, меѓу кои и на “Граматиката на македонскиот јазик”, “Историјата на македонскиот јазик во развојот на словенските литературни јазици и јазикот на македонската народна поезија”. Се занимаваше и со преведувачка дејност. Неговите дела се преведени на повеќе странски јазици. Покрај другите награди, Конески е добитник и на “Златниот венец” на Струшките вечери на поезијата во 1981 година. Умре во Скопје, на 7 декември 1993 година.
-19 декември 1935 год., во Скопје биле регистрирани 124 патнички автомобили, 24 товарни возила, 25 мотоцикли, 1300 велосипеди и 110 пајтони.

-19 декември 1942.- Во манастирот Прилепец, Прилепско, во борба против бугарската војска и полиција, откако беа предадени, загинаа деветмина борци на партизанскиот одред “Ѓорче Петров”. Борбата на Прилепец претставува легенда за херојството на македонските партизани во борбата за слобода загинаа:
1. Киро Фетак2. Борка Спасески – Влачарот, командир на одредот3. Стеван Базеркоски4. Стеван Димески5. Димче Мирчески – Бањарот6. Гога Јанкулоски7. Трајче Најдески – Соколе8. Бошко Јосифоски9. Менде Бошкоски

-19 ноември 1944 во Куманово се одржал ПРВ МИТИНГ ВО СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА, по одржување на Првото заседание на АСНОМ на кој присуствуваше највискиот македонски државен и партиски врв на чело со Методија Антонов Ченто, Михајло Апостолски, Страхил Гогов, Лазар Соколов и други.
–19 декември 1991.- Собранието на Република Македонија ја усвои Декларацијата за меѓународно признавање на Република Макеоднија како суверена и независна држава.

–19 декември 1991.- На патот Скопје – Белград, во сообраќајна несреќа загина Јордан Мијалков, прв министер за внатрени работи на Република Македонија по прогласувањето на сувереноста и независноста. Роден е во Штип, на 11 декември 1932 година.
–19 декември 2000.- Во Скопје, во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, беа промовирани првите подофицери за основни командирски должности за пешадискиот род на Армијата на Република Македонија, школувани според стандардите на НАТО.
–