НА ДЕНЕШЕН ДЕН -10 АВГУСТ

0
445

НА ДЕНЕШЕН ДЕН -10 АВГУСТ

*10 август 2001, во околу 8 часот наутро, кај месноста Љуботенски Бачила на околу 5 км од селото, камион на АРМ полн со муниција налетува на две нагазни мини поставени на патот. Во експлозијата гинат осум војници од резервисти при што загинаа:
– Томе Бадаровски (†33) од Скопје
– Марјанчо Бошковски (†28) од Волково, Скопско
– Томе Димоски (†37) од Скопје
– Ивица Златевски (†24) од Скопје
– Бранко Јанев (†36) од Скопје
– Раде Јанковски (†32) од Волково, Скопско
– Томислав Настевски (†27) од Ѓорче Петров, Скопје
– Гоце Чанкуловски (†39) од скопско Љубанцииот состав на АРМ.

*10 август 1913 г. бил договор потпишан Букурешкиот договор  помеѓу завојуваните страни во Втората балканска војна: Србија, Црна Гора, Романија и Грција од една страна и Бугарија од друга страна. Овој договор  исто така била извршена повторна поделба  на териториите што дотогаш биле под турска власт (Македонија, Косово и Метохија, Васоевиќи, Санџак, Тракија и северен Епир). Македонија била поделена на тој начин што нејзиниот најголем дел, односно Егејскиот, со површина од 34.356 km2 го добила Грција, Вардарскиот дел со површина од 25.342 km2 го добила Србија, Пиринскиот дел со 6.798 km2 и бил даден на Бугарија а Албанија добила 1.115 km2 во западниот дел. Романија ја добила јужна Добруџа од Бугарија и се зголемила за 8000 km2 со 303.000 жители.


Со Букурешкиот мировен договор, Македонија била поделена на:
* Егејскиот дел, со површина од 34.356 km2 го окупирала Грција,
* Вардарскиот дел со површина од 25.342 km2 го окупирала Србија,
* Пиринскиот дел со 6.798 km2 ја окупирала Бугарија и
* Јужниот брег од Охридското езеро – Мала Преспа со 1.115 km2 и биле доделени на Албанија.

*10 август 1675 г. поставен е камен-темелникот на Кралската опсерваторија во Гринич, денес местото кај што минува Нултиот меридијан. Според овој концепт, целата Земјина топка е поделена на 24 часовни зони од по 15 должински степени. Граничниот меридијан меѓу средноевропското и источноевропското време, минува низ источниот дел на Македонија и тоа од подрачјето на Тораница на север, покрај Виница, Радовиш до Гевгелија на југ. На исток од овој меридијан до најисточната точка во државата (кај врвот Ченгино Кале на Малешевските Планини) се наоѓаат 3550 км кв или 13,8% од вкупната територија. Во вакви случаи кога една релативно мала држава припаѓа на две временски зони, се прифаќа таа што зафаќа поголема површина од државата. Според тоа, најсоодветно е Македонија да го користи средноевропското време.

* 10 август 1881 во село Турново Струмичко роден е Мануш Војвода.
Мануш Ѓорѓиев Турновски бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член, раководител и војвода на Македонската револуционерна организација.
Како ученик во педагошкото училиште во Сер влегол во револуционерната организација.
Заради учество во бунт против директорот на училиштето во 1903 година е исклучен. Истата година станува нелегален.
Учествува како делегат од Струмичкиот револуционен округ на Рилскиот конгрес на ВМРО во 1905 година.
1907 година е избран за член на Окружниот комитет и помошник струмички војвода и заменик на војводата Христо Чернопеев.

*10 август 1903 година,загина Јордан Пиперката  во село Цер, но вечното почивалиште на војводата се наоѓа во село Велмевци од каде што самиот велел, ќе може да го гледа целото церско поле и демирхисарско, каде што биле и неговите најголеми опрации.Јордан Сиљанов-Пиперката беше една од стожерните фигури од илинденскиот период. Со својата храброст и организациски способности, беше пример и за останатите учесници во Илинденското востание и потоа. Тој ќе остане како еден од најсветлите примери од илинденската епопеја и показ како секој треба да ја брани својата земја

*10 август 1905.- Во Велес е роден Алексо Демниевски – Бауман, македонски борец во Шпанската граѓанска војна (1936-1939) и во НОВ на Македонија од крајот на 1944 година. Во Шпанската граѓанска војна беше командант на баталјонот “Ѓуро Ѓаковиќ”, а потоа откако беше унапреден во чин мајор стана командант на интернационалната бригада “Георги Димитров”. Во НОВ на Македонија беше командант на Петнаесеттиот македонски ударен корпус. Умрел во Белград, на 5 септември 1961 година

*10 август 1910.- Во Прилеп е роден Мирче Стојанов (Димче Мире), учесник во националноослободителното движење, член на Президиумот на АСНОМ, претседател на Народното собрание на НР Македонија, еден од основачите на архивистичката служба во Македонија. Умрел во Скопје, на 4 септември 1991 година

*10 август 1917.- Во Скопје е роден Драган Ташковски, истакнат македонски историчар, публицист и општествено-политички работник. Умрел на Хвар, на 16 септември 1980 година.

*10 август1925.- Во Париз излезе првиот број на весникот „Македонско дело“, орган на ВМРО (Обединета). Излегуваше и во Берлин и во Виена. Главен уредник беше Владимир Поп Томов, а во редакцијата беа Димитар Влахов, Јордан Атанасов, Дино Косев, Т. Рилски и други. Ги спроведуваше идеите што беа во основата на Мајскиот манифест – борба против режимите на Бугарија, Југославија и Грција, а за независна Македонија во федерација на слободните балкански народи

*10 август 1937 g. во Тетово роден е Јован Павловски,македонски поет, раскажувач, романописец, писател за нaјмладите, публицист, долгогодишен уредник на повеќе рубрики во Нова Македонија, нејзин дописник од Париз и Москва.

*10 август 1944.- Во Софија, на заседанието на Организациониот комитет на Светскиот рударски конгрес, Националниот организационен комитет на Република Македонија е примен за полноправен член.

*10 август 1976.- Во судирот на патничките авиони “Трајдент” на британската компанија “Бритиш ервејз” и “ДЦ-9” на југословенската компанија ЈАТ, северно од Загреб, загинаа сите 176 лица во двата авиони.

*10 август 1984 година на ОИ во Лос Анџелес, нашиот Шабан Трстена го покори светот, стана олимписки првак. Во тие години скопјанецот кој се бореше во слободен стил, беше едноставно најдобар во светот. Немаше милост кон никого. Шабан и претходно, и после тие ОИ освојуваше медали, но никогаш не го надмина тој најголем успех во неговата кариера. Македонија има со што да се гордее, тоа злато веројатно е најголемиот успех на некој наш спортист.

*10 вгуст1994.- Во селото Арачиново, Скопско, е поставен и осветен камен-темелникот на новата црква “Св. Маченик Талалеј”

*10 август 1998.- Умре Александар Ленин, етномузиколог, прв доктор на музички науки во Македонија. Роден е во Кавадарци, на 5 октомври 1908 (или, според семејството во 1906 година).

*10 август 2000.- Во Република Македонија се одржаа вторите локални избори (по осамостојувањето) за градоначалник и за членови на општинските совети на 123 општини, односно 124 со градоначалникот и Советот на град Скоп

*10 Август 2022 ,почина легендата на макеонскиот фудбал Кирил Дојчиновски. Фудбалската кариера на Дојчиновски започнува во Вардар, каде што тренира од 1958 година, а во 1963 година добива шанса да заигра во првиот тим. За Вардар има над 100 настапи, а во 1967 година заминува во Црвена ѕвезда.

Дефанзивецот станува легенда и во „црвено-белиот“ дрес кој го носеше до 1974 година и имаше над 200 настапи. Потоа кратко играше во Троа и Париз. Дојчиновски беше и репрезентативец на тогашна Југолсавија и шестпати го носеше националниот дрес.

По завршување на фудбалската кариера, Дојчиновски беше селектор на Ел Салвадор, а потоа работеше и како тренер во Вардар, Ираклис, Македонија ЃП, Пелистер…, а во 2008 година ја заврши и тренерската кариера, и тоа во Вардар, клубот од каде што започна неговата фудбалска приказна.

Прославениот великан на македонскиот фудбал, Кирил Дојчиновски е роден на 14 октомври 1943 година во Скопје. За тимот на Вардар настапува пет сезони во периодот од 1962 до 1967 година. Притоа во дресот со „црвено-црните“ бои има одиграно вкупно 218 натпревари и настапено на 132 првенствени средби.

Легендарниот Дојчиновски исто така во три наврати беше и шеф на стручниот штаб на најтрофејниот македонски фудбалски клуб во сезоните 1990/1991, 1996/1997 и за последен пат во 2007/2008 кога Вардар минуваше низ едни од најтешките денови од неговото постоење.

Претходниот артикал,Црква „Св. Пантелејмон“ – Горно Нерези
Следната статијаНаставничката Верче Боцевска со своето одделение-1989

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука