*10 декември е Меѓународен ден на правата на човекот
*10 декември е прогласен како „Ден на човековите права“.Во 1948 година, Генералното собрание на Обединетите нации ја усвоиле Универзалната декларација за човековите права.

*10 декември 1868г.прв пат се поставени семафори за регулирање на сообраќајот во Лондон.
* 10 декември 1955.- Роден е Ким Мехмети, романсиер, раскажувач, есеист, полемичар, публицист и преведувач. Пишува и публикува на мајчиниот албански и на македонски јазик. Попознати негови дела се: „Седум ноќи тага”, „Начек”, „Рибата екстасис”, „Селото на проколнатите деца”, „Село без гробишта”, „Ритуалите на Нишане”, „Куќата на крајот од селото”. Неговите творби се преведени на германски, англиски, француски, турски, хрватски и други јазици. Застапен е во повеќе антологии и добитник е на значајни меѓународни награди.
*10 декември 1603.- Умре англискиот лекар и физичар Вилијам Гилберт, наречен „татко на електрицитетите“, личен лекар на кралицата Елизабета Прва. Во физиката се прославил, иако таа гранка му била само хоби, со капиталното дело „За магнетите“. Докажал дека Земјата е голема топка-магнет и дека иглата на компасот не управува според небото, како што дотогаш се верувало, туку според магнетните полови на планетата. Со сфаќањата на магнетизмот на небеските тела и електрицитетот силно влијаел на развојот на науката во 17. век.

*10 декември 1962.- Во Скопје умре Василие Поповиќ – Цицо, сликар, карикатурист и сценограф, еден од основоположниците на сценографијата во Македонскиот народен театар. Роден е во Скадар на 12 февруари 1914 година.Тој е дизајнер на грбот на Народна Република Македонија, врз којво голема мера се темели и денешниот грб.
*10 декември 1997.- Во Скопје излезе првиот број на магазинот „Став“, весник на студентите на новинарство при Правниот факултет.
*10 декември 1998.- Во Скопје е отворен постојан конзулат на Канада во Македонија.
*10 декември 2000.- Во Скопје умре Хари Миновски, македонски новинар. Роден е во Скопје, на 20 март 1930 година.









































