-8 март 1910.- Врз основа на одлуката на Втората меѓународна конференција на жените социјалистки, одржана во Копенхаген, Данска, во август 1910 година, 8 Март се слави секоја година како меѓународен Ден на жената. На оваа конференција по иницијатива на Клара Цеткин, беше решено 8 Март да се одбележува во спомен на демонстрациите на американските жени во 1903 година, кои се одржаа под паролата – Борба за општо право на глас.

-8 март 1945.- Во Скопје првпат е прославен Денот на жената. По тој повод во салата на Офицерскиот дом се одржа голем митинг.

-8 март 1946.- Президиумот на Народното собрание на Народна Република Македонија донесе Закон за измена на името на Демократска Федерална Македонија. Според член 1 од овој Закон и врз основа на член 2 од Уставот на Федеративна Народна Република Југославија, името на Демократска Федерална Македонија се изменува и гласи: Народна Република Македонија. Според член 2 од истиот Закон имињата Народно собрание на Македонија, Президиум на Народното собрание на Македонија и Народна влада на Македонија, се изменуваат и гласат: Народно собрание на Народна Република Македонија, Президиум на Народното собрание на Народна Република Македонија и Влада на Народна Република Македонија.
-8 март 1965.- Во Скопје, на ракометното игралиште „Пролет“ се одигра првиот турнир во мал фудбал. Во конкуренција на шест екипи, првото место го освои ФАС „11 Октомври“.

-8 март 1977 г. роден е Петар Ангелов –Диви,македонски ракометар-голман на на неколку македонски прволигаши и македонската репрезентација .
-8 март 1991.- Радио Скопје почна да емитува програма на влашки јазик.

-8 март 2001г. кај скопското село Брест на кукавички начин беше убиен Горан Стојановски(28), од Крива Паланка припадник на ПЕП, откако налетал на нагазна мина во придружба на конвојот со хуманитарна помош.