НА ДЕНЕШЕН ДЕН 18 ФЕВРУАРИ

0
421

*18 февруари 1945 Во Скопје е отворен Работничкиот дом, прв во Народна Република Македонија.(Сликата е од денешниот Работнички Дом,а не тој од 1945г.)

*18 февруари  1930г. роден е  Драган Бојаџиев — македонски музички публицист.

-18 февруари 1942г. роден е  Ѓорѓија Најдоски — македонски поет.

-18 февруари 1943 година во Софија починал македонскиот револуционер Никола Пушкаров.Роден е во гратчето Пирдоп,Бугарија , во 1874 година. Пред 1903 година кратко време бил професор во Скопската егзархиска гимназија. Во 1902 година бил испратен од Г. Делчев во Скопје со задача да го револуционизира и омасови движењето во Скопскиот округ.За време на Илинденското востание бил началник на востаничките сили во Скопскиот округ. По Востанието се повлекол во Бугарија и се посветил на научна работа. Славка Чакарова-Пушкарова – македонската учителка и револуционерка од Струга била негова сопруга. По Првата светска војна е учесник на привремената влада на поранешната ВМОРО. Во 1919 година им се придружил на Ѓ. Петров и Д.Х.Димов и пишувал за посебноста на македонската нација.Н. Пушкаров до крајот на својот живот останал приврзаник на Македонското револуционерно ослободително движење.

*18 февруари 1950.- Во Прилеп, аматерите на КУД „Мирче Ацев“, претходно работници на Тутунскиот комбинат, со претставата „Кир Јања“ од Јован Стерија Поповиќ, а во режија на Аце Михајловски, ги поставија темелите на Народниот театар „Војдан Чернодрински“.

*18 февруари 1992. – Со одлука на Собранието на Република Македонија е основана Македонската Информативна Агенција (МИА), јавен информативен сервис, од редот на новинските агенции што настојуваат да ги задоволат професионалните стандарди во сферата на нејзината функција – секојдневно континуирано регистрирање настани и појави и продукција и емитување вести и други прес-информации и материјали.

*18 февруари 1994.- Владата на Република Македонија донесе одлука за воспоставување на дипломатски односи меѓу Република Македонија и САД на ниво на амбасади.

*18 февруари 2001г починал   — Крум Солунов Монев е македонски револуционер во Пиринска Македонија, борец за ослободување и обединување на Македонија. Учествува во четата Герасим Тодоров. Поради македонизмот издржал 16 години затвор, одбегнувајќи ја смртната казна поради малолетност. Овој македонски патриот и писател за својата националност ќе изјави „Македонец – фанатичен до болест“.Крум Солунов Монев е роден на 5 мај 1927 година во селото Оштава, Светиврачко, Пиринскиот дел на Македонија, во сиромашно, многудетно семејства. На осум години останал без татко. Монев рано се осознава како Македонец. Во својата автобиграфија “Македонија мојата потпора” тој опишал кога и како започнал со осознавањето како Македонец и откривањето на неговата вистинска татковина

Претходниот артикал,Значението на винотo при венчавката во црква
Следната статијаКИНЕСКИ ЅИД

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука