*Денес, Светата православна црква го празнува споменот на четириесетте војници од Севастија кои маченички загинале за христовата вера.
Oвие беа војници во римската војска, но цврсто веруваа во Господ Иисус Христос. Кога настана гонење, во времето на Ликиниј, ги изведоа на суд пред војводата, а тој им се закани дека ќе им ја одземе војничката чест. На ова еден од нив, свети Кандид, одговори: „Не само војничката чест туку и телата земи ни ги; нам не ни е ништо помило и почесно од нашиот Бог Христос“. По ова војводата им нареди на слугите да ги каменуваат овие светии.
За да бидат маkите поcилни, мач ителите загрејаа и осветлија бања покрај езерото близу до стpадалците, за тие гледајќи ја некако да се подлажат и да се одречат од Христа и да ги признаат римските идоли. И навистина, еден се опpелести, излезе од водата и влезе во топлата бања.
Но, ноќта падна една необична светлина од небото, па ја загреа водата во езерото и телата на мачениците, а со оваа светлина од небото се спуштија триесет и девет венци врз нивните глави. Ова го виде еден од стражарите на брегот, па се соблече, го исповедаше името на Господ Иисус Христос и влезе во езерото за и самиот да се удостои со четириесеттиот венец на предавникот.
Врз него навистина слезе тој последен венец. Утредента сиот град се изненади кога ги виде ма чениците живи. Тогаш злобните судии наредија и ги претепаа, а телата им ги фрлија во водата за да не ги земат христијаните. На третиот ден светите маченици му се јавија на тамошниот епископ Петар и го повикаа да ги собере од водата и да ги извади нивните мошти.
Епископот излезе ноќе по темнина заедно со својот клир и по водата видоа како светат моштите на маче ниците. И секоја коска што беше одвоена од нивните т ела исплива на површината и светеше како свеќа. Ги погpебаа чесно.
Нивните души отидоа кај Господ Исус, нам ачен за сите нас и воскpеснат со слава. Чесно поcтрадаа и стекнаа непропадлива слава во 320 година. Нивните имиња се: Кирион, Кандид, Домн, Исихиј, Ираклиј, Смарагд, Евноик, Валент, Вивијан, Клавдиј, Приск, Теодул, Евтихиј, Јован, Ксантиј, Илијан, Сисиниј, Ангиј, Аетиј, Флавиј, Акакиј, Екдикиј, Лисимах, Александар, Илија, Горгониј, Теофил, Дометијан, Гај, Леонтиј, Атанасиј, Кирил, Сакердон, Николај, Валериј, Филоктимон, Северијан, Худоион, Мелитон и Аглаиј.
НАРОДНИ ВЕРУВАЊА И ОБИЧАИ
Во некои села од скопско, повеќе како на шала се изговара дека денес треба да се испијат 40 чашки ракија.
Во шоплукот се замесувале 40 тиганици,пишии,кори.
Во селата од скопски Дервен се палело оган ,со кој се верувало дека се бркаат болвите од куќите-дворовите.
Во селата од пределот на селата на Бојмија,мажите рано излегувале низ полето да ги разгледат посевите,овошките и друго ,се верувало дека од овој ден тие ималле поинтензивен раст.
Во селата од Скопска Црна Гора се верувало дека денес змиите излегуваат од нивните легла , а во с.Орман се изведува посебен ритуал поврзан со змиите.
Во овој период доаѓаат птиците преселници ,а и тие што престојуват постојано тука се будат и не чинело да „пробијат“ некого ,односно секој требало рано по нешто да касне со цел кога птиците ќе пропејат луѓето изговараат „чувте-пробивте“.
Во некои села во скопско и радовишко куќите и трлата се заобиколувале со црвен конец на кој се прикачува коприва со цел да се заштитат од лоши надворешни влијанија и др.
Во Штип “Четрсе” е уникатен и вековен обичај , кој се практикува на верскиот празник Св. 40 Маченици на 22 март, кога луѓе од сите генерации го искачуваат стрмниот Исар, попат се поздравуваат со најмалку 40 луѓе. Младите собираат и 40 камчиња, 39 ги фрлаат во Брегалница, а едно оставаат под перница зашто, според верувањето, ќе го сонат животниот сопатник.