НА ДЕНЕШЕН ДЕН- 10 МАЈ

0
121

* 10 мај е Светски ден на физичката активност

* 10 мај 1989 г.Димитар Илиевски – Мурато ,македонски алпинист, познат како првиот Македонец што ја има освоено највисоката планина во светот — Монт Еверест. Се искачил  по што не успеал да се врати во базниот логор и официјално се води како изчезнат. Мурато беше првиот Македонец што се искачи на врвот на светот (8.848 метри), но засекогаш остана во хималајските белини. Потфатот, изведен на 10 мај 1989 година, вечно ќе остане запишан во македонската алпинистичка историја, како голем подвиг на храбриот битолчанец

* 10 мај 1902 г.излегол првиот број на весникот ЛАУТОНОМИЕ излегувал два пати месечно со слоганот “Македонија на Македонците ,Албанија на Албанците,“Основна цел на дејствување на весникот била добивање автономија на Македонија и Албанија и формирање на царинска унија со соседните мали земји Црна Гора,Србија,Бугарија и Грција.

* 10 мај 1936.- Во Софија излезе првиот број на „Народносни глас“, весник за народносни прашања, политика и култура. Се залагаше за признавање на правата и самостојноста на Македонија, заедно со другите краишта во Југославија. Уредник беше Милан Дамјанов. Последниот, петти број, излезе на 1 октомври 1936 година.

*10 мај 1943 г. во вооружен судир со бугарската полиција загинал Анешти Узунов,тој бил  македонски револуционер, учесник во движењето на отпорот за време на Втората светска војна и организатор на партизанското движење во Неврокопско, Пиринскиот дел на Македонија. Како млад се вклучил во ВМРО (Обединета) и на судскиот процес во 1936 година, кога биле судени членовите на ВМРО(Об), пред судиите изјавил дека по националност е Македонец, а не Бугарин. По излегувањето од затвор во 1938 год. ја продолжил својата револуционерна работа. Бил секретар на Околискиот комитет на нелегалната КП (1941).

  *10 мај, 1967 година, одигран е најпосетениот ракометен меч во Македонија, а долго време и во поранешна Југославија. Гордоста на Велес, РК Борец, играл полуфинале со Партизан од Бјеловар, Хравтска, а мечот бил организиран на градскиот фудбалски стадион.Тој имал помал капацитет, но за оваа пригода била поставена уште една, монтажна трибина, па натпреварот го следеле 12.000 луѓе. Градот кој тогаш не броел ни 40.000 жители, во голем одзив го проследил натпреварот, практично на стадион дошол секој трет жител.Борец бил фактор во југословенскиот ракомет во тоа време, пред овој натпревар ја елиминирал Црвена Звезда во Белград и затоа се кренала еуфорија. Се играло на „црвеница“, нешто како подлогата на тениските терени на земја. Сепак, противникот бил посилен и победил со 22-12.

* 10 мај 1969г.почина Томо Смиљаниќ , македонски етнограф, филолог, поет, прозаист, драмски автор и публицист. Тој е првиот македонски етнолог кој вршел историско етнографски истражувања на Миачијата и на животот и дејноста на поистакнатите Мијаци како Партенија Зографски, Ѓорѓија Пулевски и други, а ги проследува и делата на П. Драганов, К. Мисирков и Д. Чуповски. Оставил значајни научни истражувања (повеќе од 150), кои се наоѓаат во МАНУ, а голем дел и во Српската академија на науките и уметностите (САНУ). 

Претходниот артикал,НА ДЕНЕШЕН ДЕН – 9 МАЈ
Следната статијаЛегенда за името на градот Прилеп

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука