*11 август 1992.- по тешки и долготрајни усогласувања во Уставната комисија, прифаќајќи го сонцето како симбол, Собранието го усвои симболот на државата, кој прв пат ги обедини сите Македонци.
На тој ден, Собранието на Република Македонија ги усвои знамето (црвена основа со шеснаесеткрако жолто сонце) и химната (“Денес над Македонија”) на Република Македонија (“Сл. весник на Р М.” бр. 50/92 од 12.08.1992 год.)
1992-1995 ТОА ЗНАМЕ БЕШЕ ОФИЦИЈАЛНО ЗНАМЕ НА Р. МАКЕДОНИЈА

*11 август 1903 година празничното расположение на крушевчани било нарушено од лошо претчувство; јата гаврани слетувале по куќите и улиците. Целото Прилепско поле поцрнело од низами. Бахтијар паша со 15 илјадна војска тргнал да го заземе градот. Судирот почнал на 12-ти август утрото. Пред тоа бил пратен гласник кој ги повикал востаниците да го положат оружјето и да се предадат. Востаниците со презир ја одбиле таа понуда. Артилеријата почнала да сее смрт сред позициите на четите. Големо била бројната и техничка надмоќност на непријателот. Горскиот реонски штаб видел дека во никој случај не може да биде задржан градот и наредил повлекување. Со четите тргнале да се повлекуваат и граѓани. Победничката војска и башибозукот тргнале во грабеж а веднаш потоа ги запалиле ограбените куќи и дуќани. Изгореле околу тристотини, сите во долнитот и средниот дел на градот. Додека палачите стигнале до горниот дел, кој е блиску до коријата па се плашеле да не бидат нападнати од востаниците, стигнала заповед да сопрат со насилството.

*11 август 1945г. за прв пат во Југославија ,а со тоа и во Македонија жените добија право на глас.

*11 август 1949.- Во непосредна близина на селото Брезница, Егејска Македонија во моментот кога меѓу ДАГ и монархофашистичката кралска армија се водеше тешка борба загина Крсто Мангов, македонски револуционер и борец за национална слобода и социјални права на македонскиот народ. Роден е во селото Д’ мбени, Костурско, во 1912 година.

*11 август 1980.- Во Скопје умре Аспарух Хаџи Николов, македонски музички педагог и композитор. Тој и припаѓа на постарата македонска генерација на композитори кој целокупната дејност ја насочуваше кон негување и музичка обработка на македонските народни песни. Роден е во Скопје, на 18 април 1909 година.

*11 август 1987.- Во Охрид умре Живко Чинго, истакнат македонски прозаист и драмски писател. Неговите збирки раскази “Пасквелија”, “Нова Пасквелија”, романите “Сребрените снегови”, “Големата вода”, драмите “Кенгурски скок”, “Макавејски празници” и други, му обезбедија едно од врвните места во современата македонска проза и драмска литература. Роден е во селото Велгошти, Охридско, на 13 август 1936 година.
*11 август 1993.- Пакистан ја призна Република Македонија.

* 11 август 1996 г. Починла Баба Ванѓа ,една од најдобрите светски јасновитки .Кај баба Ванѓа доаѓале и најславни имиња да побарат помошсо нејзината способност да им помогне за разни нивни животни проблеми. Ванѓа била позната наводна јасновитка од Бугарија, родум од Македонија. По нејзиниот брак, таа го добива презимето Гуштерова. Најголем дел од нејзиниот живот го поминала во регионот Рупите на Кожуф планина во Пиринска Македонија, Бугарија. Верниците во неа ѝ припишуват дека имала можност за предвидување, претскажување, разговарање со цвеќиња и ментално да посети различни места на земјава.










































