–11 февруари 1956.-Ноќта снежни лавини се урнаа врз бараки и куќи по долината на реката Радика, во селата Стрезимир, Штировица и месноста Торбешки Мост, при што во бараки и куќи беа затрупани над 100 работници, кои го градеа мавровскиот хидроенергетски систем, граничари и жители. Во трагедијата животот го загубија 52 лица, а десетици беа навреме извлечени. Во спомен на овој настан, подигнат е Споменикот на градителите пред браната на Мавровско Езеро, а во Маврово традиционално се одржува и меѓународниот натпревар во нордиско скијање „Мавровски меморијал“.

-11 февруари 1953 г. родене борачот Киро Ристов,повеќегодишен републички и државен првак ,учесник на многу меѓународни натпревари ,2 балкански првенства,2 медитерански игри,2 универзијади,6 европски првенства,6 светски првенства ,со многу златни ,сребрени и бробзани медаљи.

–11 февруари 1990.- Во Скопје е основана Лигата за демократија. За претседател е избран Ѓорѓи Марјановиќ.
–11 февруари 1992.- Во Штип умре Методи Докузов, легендарен музички педгог на овој град и еден од основоположниците на музичката култура во Македонија. Роден е во Штип, во 1917 година.
–11 февруари 2001.- Во Тетово е поставен камен-темелник на Штуловиот колеџ, првиот приватен универзитет во Република Македонија.
–11 февруари 2004.- Во Скопје умре Томе Саздов, професор по народна литература, научен работник и почесен член на Друштвото на писателите на Македонија. Автор е на повеќе книги, меѓу кои: „Македонски народни приказни“, „Марко К. Цепенков како собирач на македонски народни умотворби“, „Македонска народна лирика“, „Усна книжевност на Македонците“, „Историја на македонската книжевност – усна народна книжевност“, „Непознатиот Прличев“ и други. Роден е во Скопје, на 8 февруари 1934 година.
-11 февруари 2012г. Рано изутринава авион кој леташе на релација Прага – Скопје, а во кој се наоѓаше и министерот за надворешни работи Никола Попоски принудно слета на аеродромот „Александар Велики со што е избегната поголема авионска несреќа во близина на Скопје“Медиумите информираа дека откако авионот на чешката компанија ЦСА Боинг 737-700 над скопскиот аеродром кружеше околу 40 минути, капетанот соопшти дека авионот има мал технички проблем, односно дека еден од деловите на крилата кои служат за кочење не работи, па ќе мора принудно да слета.