На денешен ден -8 април

0
92

-8  април е ден на ромите

-8 април 1993.- Република Македонија со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации е примена за 181 полноправна членка на Светската организација. Со тоа е потврден меѓународно-правниот субјективитет на државата по изразената референдумска волја на македонските граѓани на 8 септември 1991 година за самостојна и независна Република Македонија. Сепак, поради противењето и притисоците на Грција, која не го прифаќа нашето уставно име, зачленувањето во ОН направено под привремената референца Поранешна југословенска Република Македонија.(Оваа референца како што изјави тогаш Глигоров ќе била за два-три месеца) Двете земји со посредство на ОН почнаа преговори за надминување на разликите околу името.

 -8 април 1909.- Во Прилеп е роден Круме Кепески, македонски педагог, лингвист, преведувач, собирач на македонски народни умотворби, граматичар, автор на првата Македонска граматика, објавена во 1946 година, коавтор (со Шаип Јусуф) на првата Ромска граматика, објавена во 1980 година, на збирката анегдоти, хуморески и легенди “Островот бил парче земја фрлен во вода”, објавена во 1993 година и на други дела. Умре на 3 ноември 1988 година.

-8 април 1870 роден е Атанас Лозанчев, македонски револуционер, член, раководител и војвода на Македонската Револуционерна Организација. Во јануари 1903 година учествувал на Солунскиот конгрес и бил еден од иницијаторите за донесување одлука за кревање востание. На Смилевскиот конгрес бил избран за член на Главниот штаб на Битолскиот револуционерен округ. Од седумнаесеттемина присутни на Солунскиот конгрес, во востанието учествувале само Лазар Димитров и Анастас Лозанчев, кој оставил спомени за овие настан

-8 април 1941г.Единиците на 9 германска оклопна дивизија ,преку Куманово навлегла во Скопје.

-8 април 1993.- Република Македонија воспостави дипломатски односи со Нов Зеланд.

-8 април 1996.- Репубилка Македонија и Сојузна Република Југославија потпишаа договор за нормализација на односите.

-8 април 2012.- Во Канада, во Сатон Вест, умре Методија (Тед) Петков, најстариот Македонец во светот, кој на 31 јануари го прослави 108-иот роденден. Петков на јубилејната прослава по повод државниот празник 8-ми Септември, на покана од генералниот конзул на Македонија во Торонто Драган Ѓурчевски, го подигнал македонското знаме во паркот пред Парламентот на Онтарио во Торонто. Роден е во село Цапари, Битолско, а во Торонто се доселил во 1930 година. Како пасиониран колекционер на спортски автомобили, речиси до последните денови од животот го возел својот најнов „форд мустанг“ и секојдневно активно играл голф со пријателите.

Претходниот артикал,Цветановски Стојанче- Ентузијаст-Креативец-Иноватор.
Следната статијаПланински врв Љуботен

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука