* 27 август 1894 година во Ресен се одржало Ресенското советување на Македонската Револуционерна Организација. За време на празникот Успение на Пресвета Богоридица, во Ресен било закажано осветувањето на новоизградената црква ,,Св. Кирил и Методиј”, проследено со голем народен собир.Па така ЦК на МРО го искористил овој настан како превез за организирање на едно пошироко советување на МРО во Битолскиот вилает, познато како Ресенско советување.Организатори на Советувањето биле Дамјан Груев и Христо Татарчев, а тоа било одржано во куќата на Татарчеви во Ресен и траело три дена.
*27 август 1940 г. Вишиот аграрен суд во Скопје ја поништил претходната одлука од 1937г. со која се одземала земјата од селаните од Илинден и им се вратила на потомците на беговите.Судот ја преиначил претходната одлука во корист на селаните,користејќи нови докази .
*27 август 1944 година на големата ширина кај селото Брезница,била формирана 15 поречка бригада. Заедно со Петтата Прилепска Бригада на 28 август 1944 година извршила напад врз пограничниот бугарски участок во село Здуње. Во борбата биле вклуечни и бугарски авиони кои постојано бомбардирале и отворале митралески оган.
*27 август 1995.- Во Тетово умре Кочо Тулевски, истакнат македонски општествено-политички работник. Роден е во 1921 година.
*27 август 2001.- Во Република Македонија почна операцијата на НАТО „Неопходна жетва“ за собирање на оружје од албанските терористи.
*27 август 2003.- Марс помина покрај Земјата на оддалеченост од 55,76 милиони километри, најблиску од каменото време.
26 и 27 Август 2023 г. Еден од најголемите пожари што ја зафати територијата на Општина Илинден.
Пожарот беснееше на потегот од Ајватовци,Бујковци,Мршевци и Бучинци, каде изгореа многу хектари со зимзелени садници и друга ниско стеблеста шума.
Во гасењето на пожарот голем придонест дадоа граѓаните од населените места опфатени со пожарот ,како и граѓани од околните села.
Но, да спомнеме и тоа дека голем придонес за локализирање на пожарот дадоа и ЦУК интервенираше со 1 Ер трактор, хеликоптери, Противпожарната бригада на Скопје со повеќе возила, Општинскиот противпожарен сојуз од Илинден, Довроволното противпожарно драуштво од Свети Николе, локалната самоуправа со директно вклучување како и преземање на неопходните мерки за гасење на пожарот.
Се водеше борба до последен здив да не се дозволи огнот да навлезе во населените места и да изгорат и домовите , како и Манастирот Св.Петар и Павле во Ајватовци..
Голема благодарност до храбрите скопски пожарникари, храбрите доброволци од локалното население кои дадоа голем придонес во гаснењето на овој голем пожар, како и благодарност до храбрите пилоти на полициските хеликоптери и Ер тракторотдо сите институции и поединци кои се бореа за локализзирање на оваа огнена стихија.
Наша среќа во оваа голема несреќа што го имаме Бучинското Езеро од кое авионите се полнеа со вода со која се гасеше пожарот.
СЕПАК, НАДЛЕЖНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ТРЕБА ДА ИСПИТАТ, КАКО СЕКОЈА ГОДИНА ИСТИОТ ПОТЕГ ГО ЗАФАЌААТ ГОЛЕМИ ПОЖАРИ.