*13 декември 2017 г. Во Бразил свечено е отворена македонската амбасада,Амбасадата ја отвори македонскиот претседател Ѓорге Иванов, амбасадорот Боцевски и многу дипломати беше отоврено првото македонско претставништво во Латинска Америка.
*13 декември 1642.- Холандскиот морепловец Абел Тасман ја откри земјата на која и го даде името холандска провинција Нов Зеланд, но поради стравот од домородците не се истовари. Заслуга за откривањето на Нов Зеланд има и англискиот морепловец Џејмс Кук, кој во 1769 година се истовари на еден од новозелендските острови.
*13 декември 1816.- Роден е Ворнер фон Сименс, германски пронаоѓач и индустријалец, еден од пионерите на електротехниката. Го усовршил телеграфот со стрелки, ја изградил првата подолга телефонска линија во Европа (1849), ја открил динамо-машината. Умрел во 1892 година.
*13 ноември 1881.- Во Загреб умрел Аугуст Шеноа, хрватски писател, автор на реалистички раскази и фељтони, романтичарски песни и историски романи. Шеноа беше влијателен театарски критичар. Заслужен е за создавањето на современата хрватска проза. Најпознато негово дело е романот “Селанската буна” како и романите “Златаревото злато”, “Диогенеш”, “Клетва”, “Чувај се од сењската рака”, “Питачот Лука” и комедијата “Љубица”. Роден е во Загреб, на 14 ноември 1838 година.

*13 декември 1992.- На границата меѓу Република Македонија и Албанија беа отворени три нови гранични премини.

*13 декември 2017 г.поранешниот голман на Вардар, Арпад Штербик беше прогласен за најдобар ракометар на месецот во светот во изборот на популарната интернет страница „хендбол-планет“.Во изборот гласаше жири составено од 30 новинари од 27 земји, како и посетителите на интернет страницата, а Штербик доби најмногу гласови од 32-цата номинирани ракометари. Според порталот во анкетата гласале 110.000 навивачи.Арпад Штербик беше еден од најзаслужните за освојувањето на титулата во Лигата на шампиони на Вардар, а секако голем удел имаше и во освојувањето на останатите трофеи како СЕХА-лигата и двата трофеи на домашниот фронт, првенството и купот. 38-годишниот штербик по завршувањето на оваа сезона си заминува од Вардар и кариерата ја продолжува во Веспрем.

*13 декември 2018 година, Скопје, Македонија – Уставниот суд на Македонија на вчерашната триесет и прва седница ја отфрли иницијативата за поништување на Одлуката за пристапување кон измена на Уставот, заради примена на Спогодбата Димитров-Коѕиас за промена на името на државата и идентитетот на нацијата, донесена од Собранието на седницата одржана на 19 октомври 2018 година. Шест од девет уставни судии гласаа за отфрлање на иницијативата поднесена од Светскиот Македонски Конгрес и адвокатот Томе Тодоровски од Свети Николе.