НА ДЕНЕШЕН ДЕН-14 АПРИЛ

0
105

-14 април1894 г. Битола со железничка врска  се поврзува со Солун.Железничката врска од Солун до Битола стана важен фактор за развитокот на градот и регионот, исто така. Преносот на стоки од пристаништето во Солун до внатрешноста на европскиот дел од Отоманската Империја се забрза, жителите се запознаа со европските стоки, а и стоки произведени од домашните земјоделци и сточари можеа да се продаваат во другите региони. Исто и армијата имаше голема корист од оваа врска за брзо пренесување на трупите, воен материјал и оружје.

-14 април 1914 година ,роден е Ташко Караџа Анастас.тој  е македонски револуционер од Егејскиот дел на Македонија. Бил член и професионален активист од пред војната, затворан и интерниран од режимот на Метаксас. Во 1941 година бил функционер на ОКНЕ за Егејска Македонија и секретар на Окружниот комитет на Комунистичката партија на Грција (КПГ) за Катеринско. На 8 април 1942 година е фатен од Гестапо, осуден на смрт и стрелан на 23 мај во Солун.

-14 април 1912 год., потонал бродот „Титаник “во бродот бил и Стојко Додоловски од с.Чучер –Скопје.тој останал жив во оваа најголема бродска несреќа откако успеал да дофати еден појас и рипне од 15 метарската височина гонет од единственото чувство за живот.Покрај него во некои други документи се смомињат дека патници биле  браќата Јанко и Миле од родот Смилески  од Тресонче,кои погинале а биле печалбари кои биле на пат за Америка.  Инаку на бродот се наоѓале 1.523 патници ,

-14 април  1924 ,роден е Душко Малевски — македонски новинар.

-14 април 1941 , во ноќните часови, Велес бил бомбардиран од страна на англиските бомбардери. Бомбардирани биле германски позиции ,но при тоа биле погодени неколку десетици куќи во населбите Дворови, Којник, Бузаана, Мегдан како и плоштадот Сармаале. Тогаш загинале следниве граѓани :Андреев Андреа (Тотката), Дениќ Александар, Дениќ Живка, Дениќ Миле, Дениќ Мирјана, Дениќ Светлана, Илиев Славејко ( Тараната), Кожаров Ѓоше, Манев Јован, Минов Анде, Минова Султана, Наков Ордан ( Монце), Накова Марија (Монцева), Наков Крсте, Накова Павлина, Накова Мариче, Наков Томче, Наков Тодор, Радуловиќ Марица, Радуловиќ Радомир, Тодоров Киро и Тодоров Тодор (Тотката).


-14 април 1958 роден е Бранислав Саркањац — македонски социо-политички филозоф и аналитичар.

14 април 1991.- Во Гевгелија умре Илија Џаџев, македонски културен деец, професор и писател, најистакнат интерпретатор на хавајски песни. Тој има објавено 19 стихозбирки, а напиша и околу 8.000 афоризми. Роден е во Гевгелија, на 5 октомври 1926 година.

-14 април 1994, е Ден на Царинската служба на Република Македонија. Цариниците во Република Македонија за првпат го одбележаа својот празник на 14 април 1994 година.

-14 април 1995.- Република Македонија и Големата Социјалистичка Либиска Народна Џамахирија воспоставија дипломатски односи.

-14 април 1997.- Во Скопје умре Видое Подгорец, македонски писател и патописец. Најпознати негови дела се “Развигорче”, “Ајдучка чешма”, “Белото циганче”, “Весела азбука” и “Чисти раце”. Роден е во селото Колешино, Струмичко, на 8 јуни 1934 година.

Претходниот артикал,Наставничката Горица Кржовска со своето одделение
Следната статијаВелика Среда

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука