НА ДЕНЕШЕН ДЕН 14 ФЕВРУАРИ

0
97

 

-14 февруари 869.- Во Рим починал Константин, познат под името Кирил Солунски, еден од творците на првата словенска азбука. Тој и неговиот постар брат Методиј, двајцата родени во Солун, преведуваа библиски текстови и книги од грчки јазик на дијалектот на солунските Македонци. Творците на првата словенска азбука, Кирил и Методиј, водеа жестока борба против застапниците на тезата дека постојат само три “светски јазици” кои можат да се употребуваат при вршење на верските обреди: хебрејскиот, грчкиот и латинскиот. Роден е во 826 (827) година.

Марко Бошнаков-гемиџија

*  14 февруари 1908 година,умрел Марко Бошнаков, гемиџијата –револуционерот на само неколку месеци пред амнестијата и ослободувањето, Бошнаков се разболел од мочуришна треска. Умрел седум дена подоцна од срцев удар. Марко Бошнаков најмува дуќан во близина на Отоманската банка, од кој е ископан подземен тунел до банката и потоа сo динамит е крената во воздух. Бошнаков од специјалниот воен суд е осуден на смрт, заедно со Павел Шатев, Милан Арсов и Георги Богданов, за потоа пресудата им биде преиначена во доживотен затвор, испратени на отслужување во Мурзук, либиската провинција Фезан.

„Ако телото ми се тркала, немојте да дозволите тоа да се случи и со главата“ е заветот на младиот гемиџија. Шатев и Богданов останале верни на ветувањето, и не дозволиле главата да му остане закопана во либискиот песок. По општата амнестија во 1908 година, два черепи донеле гемиџиите Шатев и Богданов од заточеништвото во затворот вo Фезан, на починатите Марко Бошнаков и Милан Арсов.

Главата на Бошнаков е донесена во Охрид и е предадена на неговото семејство, а потоа сместена во украсно дрвено ковчеже и погребана на гробиштата во црквата „Св. Богородица Перивлепта“, а оттаму е положена во црквата „Св. Никола Болнички“, во заедничка гробница со останатите мошти.

14 февруари 1943.- Во селото Русиново починал Никола Петров Русински, еден од истакнатите личности на националната историја на македонскиот народ, социјалист и револуционер, близок соработник на Гоце Делчев, Васил Главинов и на други истакнати македонски револуционери. Автор е на книгата “Прилог кон историјата на Внатрешната македонско одринска револуционерна организација”. Роден е во селото Русиново, на 21 ноември 1875 година.

-14 февруари 1977.- Во Рогошка Слатина, во Словенија, несреќно го загуби животот Иван (Диме) Мазов – Климе, македонски писател, револуционер, борец во НОВ на Македонија, театарски критичар и новинар. Познати се неговите прозни дела „Додека топовите пукаат“ и „По трагите на Евлија Челебија“. Роден е во Кавадарци, на 7 јануари 1923 година.

14 фревруари 1996.- Република Македонија и Република Бангладеш воспоставија дипломатски односи на амбасадорско ниво.

14 февруари 2001.- Во Скопје, во населбата Тафталиџе, е отворена Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мала Богородица“ на „Систина медикал“, прва приватна гинеколошка болница во Република Македонија.

14 февруари 2015.- Во Кавадарци почина македонскиот ликовен уметник Ристо Соколов Сокол. Заврши средно уметничко училиште и Факултет за ликовни уметности во Скопје, отсек графика во класата на проф. Димитар Малиданов и графички дизајн во класата на проф. Костадин Танчев Динка. Последната негова изложба насловена како „Ретро Арт – Нови моменти“ (12 декември 2014

14 февруари 2015.- На 65-годишна возраст почина директорот на Државниот архив на Република Македонија, д-р Зоран Тодоровски. Дипломирал (1972), магистрирал (1989) и докторирал (1995) во Скопје. Работел во Републичкиот комитет за култура 1975-1990 година како советник за споменици на културата и музејска дејност и во Институтот за национална историја во Одделението за историја на македон­­скиот народ (1913-1941), како асистент, научен сора­бот­ник, виш научен соработник и научен со­вет­ник (1990-2003). Тодоровски во ИНИ бил професор по предметот „Историја на Македонија 1913-1941 го­дина“. Автор е на бројни публикувани историски трудови и зборници на документи. Значајни се неговите трудови посветени на ВМРО 1918-1924-1934 година, на македонското прашање во бугарскиот парламент, за ис­то­рис­ки личности како што се Крсте Мисирков, Тодор Александров, Вла­дис­лав Ковачев, Петар Шанданов, Тодор Поп Антов и други. Зоран Тодоровски беше именуван за директор на Државниот архив на Република Македонија и раководел со Ар­хи­вот во периодот 1999-2002 година и од 2006 година до неговата смрт. Тој беше претседател на  научно-културните средби „Десет дена Кру­шев­ска Република“. Роден е на 3 март 1950 година во Скопје..

Претходниот артикал,Свети Трифун,Ајватовци-2020
Следната статијаНА ДЕНЕШЕН ДЕН 15 ФЕВРУАРИ

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука