* 14 јануари 1928г.починала Мара Бунева ,млада тетовчанка ,која претходниот ден на 13 јануари 1928 година,како саможртва, извршила атентат врз српскиот државен обвинител во Скопје Велимир Прелиќ, во близина на Камениот мост на кејот на реката Вардар.Веднаш по атентатот, Mara Бунева самата се застрелала да не падне во рацете на српските власти. На повредите им подлегнала ден подоцна, на 14 јануари 1928 година.Мара Бунева е родена во Тетово, во 1902 година.


* 14 јануари 1839.- Во Штип е роден Јосиф Ковачев, учител, педагог, основоположник на современото школство во Македонија, еден од најобразованите луѓе во Македонија во тоа време. Умре во Софија, на 31 декември 1898 година.

* 14 јануари 1881.- Во Кукуш е роден Милан Стоилов, македонски револуционер, еден од основачите и секретар на Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург, член на Тајниот македонско-одрински кружок и учесник во Илинденското востание. Загина во селото Витошево, Кочанско, во борба против турската војска, на 6 септември 1903 година

* 14 јануари 1906.- во Кавадарци,роден е Васил Хаџиманов ,македонски етномузиколог,и педагок.По завршувањето на основното образование во родниот град, учел во Гимназија во Велес и Скопје, а подоцна студирал на Правниот и Филозофскиот факултет во Белград. Во 1935 година магистрирал фармација во Загреб. Дотогаш неколкупати ја посетувал музичката школа во Белград но, и покрај големата желба, не успеал да ја заврши. Сепак, во 1955 година дипломирал на музичката група на Педагошката академија. Меѓу најзначајните негови дела спаѓаат „Зборникот на македонски народни песни“, „Соборски народни песни“, „Македонски борбени народни песни“ и „Моми тиквешанки“. Освен што бил заслужен за собирањето и пропагирањето на македонскиот фолклор, се интересирал и за неговите карактеристики, за што сведочат големиот број на реферати и научни студии. Освен што бил познат како пасиониран истражувач кој постојано бил во потрага на националното музичко богатство на Македонија, тој бил и колекционер на околу 8.000 македонски народни песни и ора, од кои 5.000 биле средени во зборници, а 700 од нив биле албански. За својата дејност добил бројни признанија и награди, меѓу кои наградата на Владата на НР Македонија, а бил член и на здружението на етномузиколозите во Њујорк, како и Интернационалното здружение на музичките фолклористи во Лондон
* 14 јануари 1914.- Во селото Долени, Костурско, е роден Паскал Паскалевски, македонски револуционер, писател, новинар и учесник во Граѓанската војна во Грција (1945 – 1949). Автор е на стихозбирките „Пролет над Егеј“, „Народни песни од Егејска Македонија“ и други. Умре во Скопје, во 2003 година.

* 14 јануари 1932.- Во селото Присовјани, Струшко, е роден Јован Котески, македонски писател. Меѓу неговите дела познати се „Земја и страст“, „Злодоба“, „Зелени порти“, „Хераклеја“ и други. Умре во Скопје, на 12 јули 2001 година.

*14/15
јануари во масовната ливидација на 53 граѓани во Велес, бил убиен д-р Богдан Поп Ѓорчев , лекар кој се образувал во
Виена. За него српската и бугарската полиција запишале дека е
„опасен автономист и комунист”. Вo пресудата на воениот суд од 18 јануари 1945
г., стои без докази дека бил член на терористичка организација и соработник на
Гестапо.. За судбината на семејството, неговиот син Борис запишал: “Последниот
ден на јануари 1945 година, во нашата куќа што се наоѓаше во најстрогиот центар
во градот…, се втурнаа некакви воени лица за кои подоцна разбравме дека се
офицери на ОЗНА …без најава и покана влегоа во куќата, имаа пиштоли на појас.
Почнаа да го извикуваат името на мајка ми. Бевме уште по пижами, преплашени од
непознатите гости и нивниот изглед…Еден од нив…ја соопшти целта на нивната
посета (обраќајќи се на сопругата на убиениот доктор)
-Надо, сега е 9,30 часот. Во 10 нула-нула да ве нема
одовде?…

* 14 јануари 1989.- На магинстралниот пат Охрид – Кичево, во близина на месноста Лавчанско Рачиште, во сообраќајна несреќа загина Цветанка Трпкова, долгогодишен член на Драмското судио на Радио Скопје, автор на повеќе драмски текстови, режисер и толкувач на улоги во голем број радио-драми и автор на две прозни книги. Родена е во Прилеп, во 1939 година
* 14 јануари 1994.- Фудбалскиот сојуз на Македонија стана придружен член на Европската фудбалска унија.
* 14 јануари 2000.- Умре Томислав Зографски, македонски музички творец, композитор, професор и публицист. Роден е во Велес, на 29 март 1934 година.

* 14 јануари 2010 година, претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов го одликува Жељу Желев со орденот „8 септември“ за неговите заслугите за признавањето на независноста не Република Македонија и залагањето кај другите земји да го сторат истото.









































