*Организирани спортски активности во Илинден немало се до завршување на Втората светска војна,спортските активности најмногу ги практикувале децата за време додека го напсувале добитокот играјќи разноврсни игри, како скокање од место ,троскок,фрлање камен во далечина,натпревар во трчање ,и многу други такви игри. Во 1948 година тогашниот народен одбор, заедно со управата на СРЗ формирале посебни секции за спорт, техника и за култура.Од таа секција за спорт произлегува некоја година подоцна Фудбалскиот Клуб Илинден. А,први младинци фудбалери од селото, кои започнале да играат фудбалски натпревари со вистински фудбал, а не како дотогаш со топка од крпи биле:

Тоде Стојановски, Милан Панушков, Јован Велковски, Стојан Станковиќ, Орде Стевков, Трајче Костадинов, Бошко Арсов, Бранко Арсов, Благоја Савев, Краљо Савев, Феби Бајрамов, Аки Шабановски, Војко Дончевски, Трпе Аџиевски, Санде Маџунков и неколкуте воени старешини и војници од касарната во селото, Дурковиќ, Франц, Фердо, Крцо и други.

Доле:Милан Панушков-Шпиц,Драги Митковски,Мице Ристовски,Боре Бошковски,Киро Бошковски,Стево Донаковски,Бранко Ѓорѓиевски и Јован Велковски.
Во почетокот, фудбалските натпревари се играле на спортските терени во кругот на воената касарна, која, во тоа време се наоѓала на местото каде што се наоѓаат денес објектите на Макпетрол. Првото фудбалско игралиште, наменето за потребите на војската, а кое истовремено го користеле и младите фудбалери од селото било во близина кај што се наоѓаат денес хангарите за сточна храна и Железничката станица „Илинден“. Набргу потоа, интересот за фудбалот како спорт станувал сѐ поголем поради што и бројот на пријавените кандидати за членство во фискултурната секција секојдневно растел.

Доле:Злате Стојчевски,Благоја Велковски,Стојче Ристовски,Аце Соколовски,Бранко Ѓорѓиевски и Томе Павловски
Тоа придонело да се подобри квалитетот на фудбалската игра поради што во 1948 година било одлучено постоечката фискултурна секција да прерасне во посебен клуб под името Фудбалски клуб „Илинден“. Затоа и 1948 година се зема како година кога бил формиран Клубот. Во почетокот, овие фудбалски натпревари меѓу селските клубови не биле организирани во некој фудбалски сојуз.

Натпреварите ги закажувале членовите на управата на Клубот во договор со управите на клубовите од другите села или од градот Скопје.Во 1958 година била формирана посебна Општинска фудбалска лига за Општина Петровец, која постоела се до згаснување на Општина Петровец во 1964г.

Затоа 1958 година ,почетокот на организирани настапи преку општинската лига Петровец некаде се споменува и како година кога е формиран Ф.К.Илинден. Во овој период за ФК „Илинден“ настапувале старешини и војници што биле на отслужување на воениот рок во касарната во Илинден,која се наоѓала на денешната локација на Макпетрол.

Доле:Бибанов,Борче Неделковски,Владо Јовановски-Мопи,Мице Трајковски,Горан Соколовски,Драган Станковиќ и непознат.
Исто така за клубот низ времето настапувале и многу вработени кои работеле во неколкуте стопанствата на територијата на Илинден. Во 1965 година, ФК „Илинден“ станал член на Скопската лига, а по неколку одиграни сезони и освојувањето на првото место во оваа лига, и член на Скопскиот потсојуз.

Доле:Драги Бошковски,Зоран Мирковски,Богољуб Петровски,непознат,непознат.
Од 1975 до 1980 година Клубот се натпреварувал во Скопскиот потсојуз, а по освојувањето на првото место во Скопскиот потсојуз во натпреварувачката 1980‐1981 година и во Вардарскиот регион.Натпреварувањето во регионот беше условено дека клубот мора да има кабини за фудбалери и игралиштето мора да биде заградено.

Доле:Стојче Ристовски,Владо Ацевски,Стево Донаковски,Благоја Велковски и Боре Христовски.
Со учество на фудбалерите,членовите на управата и други симпатизери во неколку работни акции како и помошта што ја пружи Месната Заедница се исполни овој услов и клубот доби дозвола натпреварите да ги игра на своето игралиште.

Среден Ред:Миле Илиевски,Бобан Кимовски,Борче Стојчевски,Горан Соколовски,Дејан Стаменковски,Веле Трајковски,Непознат и Зоран Божиновски.
Доле:Венцо Николов,Зоран Мирковски,Мишо Марковски,ЉУБЕ ДИМОВСКИ,Борче Ѓорѓиевски,Боре Најдовски и Горан Мартиновски.
Најголемиот успех ФК „Илинден“ го постигна во 1995/96 година со влегувањето и со натпреварувањето во Втората фудбалска лига. Во тоа време уште повеќе се подобрија условите за игра на фудбалскиот терен. Целото игралиште било заградено со бетонска ограда, а биле изградени нова земјена трибина и проширени-надградени поранешните соблекувални со што се добија подобрени клупски простории.

Доле:Тодор Радевски,Томе Павловски,Зоран Наунчевски,Благоја Спасовски и Драги Бошковски.
Еден од поголемите успеси на Клубот бил настапот во четврт ‐ финалето на Фудбалскиот куп на Македонија во 1998 година. Тогаш Клубот ја имаше можноста да се сретне и да ги одмери своите сили со фудбалските екипи на Пелистер, Осогово и на Силекс, членови на Првата македонска лига. Последните години ФК „Илинден“ се натпреварува во Третата македонска лига.

Доле:Драги Бошковски,Бранко Ѓоршиевски,НенаткоАрсовски,Миле Арсовски,Благоја Велковски и Драган Станковиќ.
Меѓу стотиците поранешни и сегашни фудбалери на ФК„ Илинден“ особено се истакнале: Милан Панушков, Сашко Апостоловски, Боре Бошковски, Киро Бошковски, Аце Соколовски, Кице Вељковиќ од Марино, Стојче Ристовски,Миле Саздовски, Коце Ангеловски, Веле Николовски,Веле Бошковски,Санде Аврамовски,Сашо Тодоровсски-Фазла,Санде Јовановски,Томе Павловски, Миле Ѓуровски‐Машна, Веле Соколовски‐Перица, Јован Велковски‐Јоле, Јовица Заковски,Драган Станковиќ-Џаиќ,Бранко Ѓорѓиевски‐Г’ле, Стево Донаковски, Чедомир Ристовски, Тодор Радевски‐Тозо, Славе Радевски, Борче Георгиевски,Ненатко Арсовски,Бранко Ангеловски‐Муто, Зоран Мирковски‐Гаро, Аце Јовановски‐Шарко, Владо Костадиновки‐Шлјиво, Благоја Велковски, Лазе Благоевски,Љупчо Кметовски -Ракуш, Горан Божиновски‐Рингов, Диме Ангеловски‐Пц ,Горан Мартиновски-Фокс,Мишо Марковски,Боре Најдовски и други.Пресекот во набројување на поистакнати фудбалери е временскиот период од почетоците на постоењето на клубот ,па се до 2010 година, периодот по 2010 година не е опфатен во анализата. Инаку Ф.К Илинден како најреномиран клуб од нашата средина бил предизвик за многу фудбалери од околните села и во настапувале многу фудбалери од:Марино,Кадино,Мралино,Бунарџик,Бујковци,Мршевци ,Дељадровци,Арачиново ,Маџари,Градот Скопје и други. Меѓу многубројните тренери кои усешно го воделе клубот низ времето се:Милан Панушков-Шпиц,Александар Ивановски-Чапаев,Киро Бошковски,Мичо Сетинов,Милан Тренков,Драган Трајчевски (Рап-Тап),Љубе Трајковски,Александар Славевски,Зоран Божиновски,Љубе Димовски,Бранко Ѓорѓиевски,Слободан Спасовски-Ловац,Славе Радевски,и други.

Доле:Горан Мартиновски???,Непознат,Боре Најдовски,Бобан Кимовски,Диме Ангеловски,Дејан Николовски,Горан Соколовски и Непознат.

Тука би ги спомнеме и луѓето кои во клубот вршеле одговорни функции како Претседатели ,Секретари ,Благајници и други кои директно учествувале во развојот на клубот. Тоа биле: Насе Дејановски,Јован Велковски,Владо Јовановски,Лазо Мирковски,Благоја Нацевски,Стојан Ристовски,Захарие Стошиќ,Димитар Ристовски,Методија Велиновски,Бојан Иванчев,Тоде Атанасовски,Орде Николовски,Миле Ѓуровски,Драги Ангеловски,Цане Антовски,Тоде Нацевски,Живко Митков,Пеце Ѓорѓиевски,Драган Ѓуровски,Раде Станчев,Миле Велиновски,Ѓорѓи Тодоровски,Сашо Десподовски,Тоде Илиевски,Миле Илиевски,Драги Илиевски,Славе Ѓорѓиевски,Љубе Ѓорѓиевски,Трајче Георгиевски,Борче Божиновски,Мишо Марковски и други .

„Ф.K. Илинден“ низ времето , припремил: Драги Ангеловски.
Сепак мислам дека ова е само еден скромен текст за клубот и дека има уште многу нешта што треб да се запишат и затоа објавувам дека објавата е отворена за дополна и корекција,контакт по порака.