*7 јули.2023 Лето Господово се осветија темелите за Нов Крст во дворот на Парохискиот Храм СВ.Пророк Илија во Кадино
Благодарност до сите благочестиви Христијани кои присуствуваа на овој радосен чин и благодарност до сите донатори за крстот
Со почит Парохискиот Свештеник ,Секретарот и Црковниот Одбор
*7 jули 1974 година по иницијатива на Пеце Атанасовски, етномузикологот Илија Лашкоски и други ентузијасти,во месноста „Рудина“во с.Долнени –Прилепско за прв пат се одржа фестивалот за народни есни и игри. Во изминатиов период на него учество земале над 10.000 инструменталисти од Македонија и странство.

Денес овој традиционален фестивал го носи името на неговиот создател „Пеце Атанасовски “

*7 јули 1921.- Во селото Брусник, Битолско, е роден Васко Карангелески, народен херој на Македонија. Беше командант на Скопската армиска област (подоцна преименувана како Трета армиска област). Загина во неразјаснет случај, на 3 февруари 1977 година. Карангелевски е убиен во 1977 година на падините на планината Караџица додека со пријателите бил на лов. Токму еден од нив по грешка, како што е официјално соопштено, пукал во него и го убил. Интересно е тоа што по истрагата воопшто не е извршено балистичко вештачење на орудијата. Бидејќи убиството го направил близок пријател на Карангелевски, јавноста лесно била убедена дека станува збор за несреќен случај. Околностите на случајот се мошне сомнителни, особено што дел од ловците подоцна се осудени на долгогодишни затворски казни за други убиства. Сепак, до денес нема најави за отворање нова истрага. По неговата смрт, Младиќ е поставен за командант на Скопската армиска област.

*7 јули 1903 година, во жестока борба против турската војска и полиција кај селото Раец загина Ефрем Галев од Кавадарци, борец во четата на Петар Христов Јуруков.Галев е роден во Кавадарци во 1873 година, уште како млад го изучил шивачкиот занает. Во редовите на ТМОРО се вклучил уште со неговото формирање и бил член на неговото најтесно раководство.Во септември 1901 година за време на 15-дневниот престој на Гоце Делчев во Тиквешијата за неговата безбедност бил задолжен токму Ефрем Галев. Во четата на војводата Петар Јуруков се вклучил во 1902 година.

* 7 јули 1923,убиен е Атанас Даскалов –
Таската Серски македонски револуционер, серски околиски војвода на
ВМОРО.Таската во 1901 година завршува педагошко училиште во Сер, каде
организира револуционерен кружок. Неколку години потоа работи како учител во
село Шугово, Серско. Комита е во четата на Јане Сандански и близок соработник
на Гоце Делчев, кај кого
бил комита во 1902 година. Таската учествува во борбата во село Баница, во која
загинува Гоце Делчев.
По Илинденското востание е серски реонски
војвода во Серскиот револуционерен округ со чета од 28 комити, повеќето
дезертери од бугарската армија.Учесвува во Младотурската револуција и станува
активист на Народната федеративна партија – во 1910 г. е избран за член на
Централното раководство на партијата. Во октомври 1910 година за време на
разорувачката акција е малтретиран од властите.Во Балканската војна е војвода
на чета на Македоно-одринското ополчение, а покасно служи во штабот на 15
штипска дружина.По војните, во Софија е член на Привременото претставништво на
поранешната ВМОРО. Убиен е од член на десницата во ВМРО во 1923 година, додека
бил на операциja за слепо црево кај Александар Станишев од Кукуш.

* 7 јули 1928 година во Софија извршен е атентат врз Александар Протогеров од страна на тројца атентатори: Стефанов, Гузданов и Витларев, под раководство на Кирил Дрангов од михајловистичкото крило на ВМРО. Притоа бил убиен и неговиот телохранител Атанас Гоцев. Наредбата за атентатот била издадена од Иван Михајлов, под обвинение дека Протоѓеров учествувал во заговорот против Тодор Александров.
*7 јули 1947.- Селото Баница, Леринско, Егејска Македонија, беше заобиколено со силен кордон на грчката монархофашистичка војска и полиција, при што, на сред село, кај споменикот Свети Димитрија, приведоа 70-ина семејства со над 200 луѓе. Причина за ова беше нивната приврзаност кон народноослободителното движење, односно заради нивната активност против германско-италијанско-бугатрската окупација и барањата за отворање на училишта македонски јазик, во црквите да се служи македонскиот јазик, враќање на личните имиња и друго. Притоа, 25 малолетни и неколку возрасни лица беа приведени, испитувани, малтретирани, затворени и подоцна ослободени, а останатите беа протерани во планините кај партизаните.

*7 јули 1992.- Со 91 глас „против“, 7 „воздржани“ и 2 гласа „за“, пратениците на Собранието на Република Македонија не и изгласаа доверба на Владата на Република Македонија,на чие чело стоеше премиерот Никола Кљусев. Првпат во историјата на Македонија „падна“ влада.